Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра
МАКЕДОНИЈА

Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра

Објавено November 29, 2024 20:41
Сподели
Сподели

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има ново раководство и ќе биде доведен во ред, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. На прес-конференција во Битола, таа рече дека проблемот во овој студентски дом е многу сериозен.

-Ние домот го затекнавме со долг од 34 милиони денари. Во овој момент правиме обиди на вработените да им исплатиме плата. Неколку дена има ново раководство, предводено од жена која, се надевам дека како мајка и енергична жена, ќе почне да го доведува домот во ред. Основно е да се обезбедат топла вода, исхрана на студентите и чекор по чекор да се средува понатаму, изјави Јаневска.

Во однос на реконструкцијата на државните домови, министерката соопшти дека „ Министерството комплетно ќе го реконструира и студентскиот дом во Битола, откако ќе заврши реконструкцијата на двата студентски дома во Скопје“.

-За жал, претходно направените пресметки велеа дека со средствата што се обезбедени ќе можат да се реконструираат сите студентски домови во државата, но тоа не е точно и тие се доволни само за двата почнати студентски дома. Оваа Влада обезбеди дополнителен заем за да ги реконструираме сите студентски домови и ќе ги реконструираме сите, но и ученичките домови ќе дојдат на ред за сите да имаат пристојни услови за живот и за учење, рече Јаневска при посетата на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кое беше промовирано во Регионален центар за стручно образование во Пелагонија.

На новинарско прашање во врска со појавата на сегрегација во одредени основни училишта низ државата, министерката истакна дека проблемот ќе биде надминат со промени во Законот за основно образование.

-Познато е дека нашата држава доби пресуда од Судот во Стразбур за сегрегација на Ромите во Битола и во Штип. Сакам да потенцирам дека државата не прави сегрегација туку физичкото одделување на одделни етникуми, во конкретниот случај ромскиот и македонскиот, е резултат на традиционално живеење во Македонија, и тоа треба да се земе предвид. Ние се обидуваме на Судот во Стразбур тоа да им го објасниме. Но, секако, преземаме и одредени мерки и во новиот Закон за основно образование кој треба да го донесе Собранието и ќе треба да влезе во сила по нова година. Ние бараме да се донесат промени за реонизацијата во одделни градови, не само во Штип и Битола, потоа ќе се забрани префрлање од едно во друго училиште, освен ако семејството се преселило со место на живеење на друга адреса и друго. На овој начин полека овој проблем го решаваме и верувам дека нема да биде горлив во иднина, истакна министерката Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бешлиоска: Нема да прифатиме ниту за две минути да функционира ниту една ординација без медицинска сестра
Следна Статија (ФОТО) Притворено лицето што го запали македонското знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oслободена заробена мечка во криволовна стапица

Надлежните служби од Ресен ослободиле заробена мечка која била уловена во поставена криволовна замка. Регионалниот Центар за управување со кризи…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Обвинителството потврди дека примиле „анонимна“ кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Mицкоски и Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на центарот на Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?