Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бешлиоска: Нема да прифатиме ниту за две минути да функционира ниту една ординација без медицинска сестра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Бешлиоска: Нема да прифатиме ниту за две минути да функционира ниту една ординација без медицинска сестра
ЗДРАВЈЕ

Бешлиоска: Нема да прифатиме ниту за две минути да функционира ниту една ординација без медицинска сестра

Објавено November 29, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Ние нема да прифатиме ниту една ординација ниту за приоден период, ниту за 24 месеци, ниту за две минути да функционира без медицинска сестра, истакна денеска сестра Гордана Бешлиоска, претседател на Унијата на ЗМАСТАС предводена од Здружението „За нас“ на одлуката во следните 24 месеци на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри.

Медицинските сестри не смеат како професија на ваков лесен начин да бидат нерешени. Имате можност да го распишете конкурсот и да ги вработите како дел од јавниот здравствен систем. Се работи за осум ординации. Ако се работи за пациенти кои се помалку од две илјади, тоа се можеби над 8 илјади корисници на здравствени услуги во тој дел. Има начини и решенија со кои може на медицинските сестри достоинството да им биде задржано како што треба. Сметаме дека ова е непристоен предлог од Здружението на приватните лекари кој е атак на целокупното сестринска професија и на целокупниот здравствен систем, рече Бешлиоска пред одржувањето на вториот симпозиум на Друштвото на медицински сестри – инструментарки при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема: „Тимската работа на инструментарките во кадаверичната трансплатација“.

Таа потенцира дека разочарувачки е ставот на Здружението на приватните лекари од кој добиле впечаток дека, како што рече, медицинските сестри ги доживуваат како трошок.

Она што е многу разочарувачки е ставот на приватните лекари, односно на Здружението на приватните лекари каде добивме впечаток дека медицинските сестри ги доживуваат како трошок. Медицинските сестри не се трошок. Медицинските сестри се инвестиции и во нив треба да се инвестира , бидејќи инвестицијата во нив е инвестиција во здрава нација. Медицинските сестри не се пиши-бриши и не се само бројки. Пристапот не смее да биде таков – дека сме имале конкурси на кои не се пријавиле и да не бараме дополнителни други решенија, рече таа.

Бешлиоска информира дека разговарале со директорот на Фондот за здравствено осигурување и очекува да бидат повикани на средба наредната недела и потоа да го кажат својот став што ќе се одлучи на таа средба.

Ние разговаравме со директорот на Фондот за здравствено осигурување. Тој апсолутно ја прифати нашата реакција и рече дека врз основа на неговите можности, на неговата агенда во текот на наредната недела по нашето побарување кое ние го испративме ќе обезбеди можност и термин за Унијата и здруженијата да се видиме и да ги понудиме нашите решенија за овие состојби за кои што тој пренесе дека се исклучително осетливи затоа што во овие рурални средини наводно на повеќе распишаните конкурси немало појавување на медицински сестри. Меѓутоа, ние имаме решенија да ги понудиме од типот дека постојат разни услови и налини на кои тие конкурси можат да се обноват, поа овие пациенти да не ги оставиме во овие средини без медицинските сестри кои фундаменталното ниво во професијата за испорака им е нормално напредување на здравјето, спречување на болестите, превенцијата и тоа е она кое што не смееме ние во превенирање на болестите да ги оставиме медицинските сестри. Впрочем, ние имаме искуство и од регионот и од Европа. Во овој момент сме во еден проект во кој што сакаме да го пресликаме од словенскиот проект и од образовен и други аспекти кој одговара на нашиот здравствен систем каде што толку многу се инвестира во медицинските сестри, во образованието и субвенционира во нивните напреднати методи за да бидат независни во овие рурални средини и да работат како такви., а не да ги избришеме и да не постојат во превентивниот систем.

На 26 ноември беше донесена одлука следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каматите на депозитите растат, а на кредитите паѓаат
Следна Статија Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кај нас нема мајмунски сипаници, запознаен сум со случајот во Косово, вели директорот на Инфективна Фадил Цана

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана во изјава за МИА вели дека во државава нема простор за…

December 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пристигнаа кремите за изгореници и лепенки за повредените во Кочани, првата група од утре заминува на Пониква

Пристигна првата пратка на креми за апликација на изгорениците, а стигнаа и лепенките кои пациентите ги бараа, изјави денеска д-р…

June 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Офталмолозите предупредуваат: Хлорот од базените може трајно да ги оштети очите

Започнува сезоната на базени. Жештината и дружењето со семејството и пријателите го прават базенот идеално место за поминување на попладнето,…

June 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?