Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од идниот месец Кацарска и Уставниот суд ќе ги намалат пензиите на 70 % од пензионерите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Од идниот месец Кацарска и Уставниот суд ќе ги намалат пензиите на 70 % од пензионерите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од идниот месец Кацарска и Уставниот суд ќе ги намалат пензиите на 70 % од пензионерите

Објавено November 27, 2025 19:07
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања остро реагираше на информациите дека Уставниот суд донел одлука за укинување на линеарното зголемување на пензиите. Според него, постапката е покрената по иницијатива на судијката Добрила Кацарска, која, како што рече, била „архетип на неправдата во судството“.

„Точно е дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за која сите зборуваме, заедно со една друга обвинителка, кои беа симбол на неправдата и учествуваа во случајот со торбата ‘Луј Витон’, се оние на кои денес им пречи линеарното зголемување на пензиите“, рече Мицкоски.

Премиерот тврдеше дека според последните информации, Кацарска веќе ја потпишала одлуката за укинување на моделот на линеарно покачување, што значи дека пензионерите повторно ќе добиваат зголемување согласно процентите утврдени со закон.

„Тоа практично значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец“, изјави Мицкоски, оценувајќи дека ваквата одлука не е фер.

Тој додаде дека најпогодени ќе бидат лицата со најниски примања, чии мали пензии, според него, се резултат на неправедната транзиција во деведесеттите години. Линеарното зголемување, нагласи премиерот, имало цел да го намали индексот на нееднаквост и да го подобри стандардот на најранливите пензионери.

Мицкоски предупреди и дека истиот состав на Уставниот суд би можел да донесе одлука за одмрзнување на платите на судиите и обвинителите.

„Замислете, на пензионерите им се укинува правото, а истовремено се очекува да се одмрзнат платите на судиите и обвинителите кои земаат 2.500, 3.000 или 4.000 евра“, рече тој, додавајќи дека дел од нив „ја контаминираат професијата“.

Премиерот оцени дека потенцијалната одлука на Уставниот суд ќе значи директна неправда кон пензионерите.

„Со ова ќе се нанесе неправда на пензионерите“, заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви
Следна Статија Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Зајкова: Осми март е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

„Меѓународниот ден на жената е повеќе од подарување на цвеќе или еден ден на внимание. Осми март е симбол на…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

На 2 септември седница за оглас за избор на судии во Стразбур

На седница на 2 септември во Врховниот суд, Комисијата за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски запрашан од страна на ноивинарите во однос на училишната кошничка денеска истакна дека дека…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?