Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид
СПОРТ

АЕК бара одложување на реваншот со Алкалоид

Објавено May 25, 2025 21:11
Сподели
Сподели

Коментаторот на грчката национална телевизија информира дека раководството на АЕК бара одложување на натпреварот со Алкалоид, поради неприсуството на невините навивачи во СЦ „Борис Трајковски“, јави дописничката на МИА од Грција.

Ракометарите на АЕК одбиваат да го почнат натпреварот со Алкалоид додека нивните навивачи не дојдат во салата. На официјалното претставување пред реваншот од ЕХФ Европскиот куп, играчите на грчкиот тим беа до теренот, но не истрчаа, бидејќи ги нема нивните најавени 200 навивачи.

Според информациите во грчките медиуми, на македонско-грчката граница биле пуштени само 200 навивачи, а исто толку биле вратен назад.

Во салата има место обезбедено за Грците.

Од АЕК во текот на денот преку соопштение ги информираа нивните навивачи дека „по утрински безбедносен состанок и покрај упорноста и титанскиот напор на клубот да обезбеди што е можно повеќе билети за натпреварот, локалните власти на земјата донесоа непопустлива одлука дефинитивно да доделат 200 билети.

Спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, нешто помалку од еден час пред натпреварот, објави дека неколку автобуси со навивачи на АЕК се задржани на граничниот премин и не им е дозволен влез и дека „раководството на АЕК, на состанок со ЕХФ, јасно стави до знаење дека тимот нема да излезе на терен, ако на навивачите не им биде дозволено да ја преминат границата.

Натпреварот требаше да почне во 20:30 часот и веќе доцни половина час.

На првиот меч пред седум дена во Атина, Алкалоид победи со 29:25.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во „Борис Трајковски“, АЕК одбива да го почне натпреварот со Алкалоид без нивните навивачи да дојдат во сала
Следна Статија Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Во Скопје отворен Европскиот младински олимписки фестивал, учествуваат 4.000 спортисти од 50 држави

Со дефиле на 50 делегации и со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“, синоќа беше отворен Европскиот младински олимписки…

July 21, 2025
СПОРТ

Кошаркарите против Унгарија и Романија во Мундијалските претквалификации

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во претквалификациите за Светското првенство во 2027…

March 15, 2025
СПОРТ

Расел со брилијантен круг до пол-позицијата во Сингапур

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Сингапур. Возачот на Мерцедес до првото место во квалификациите…

October 4, 2025
СПОРТ

Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк се договорија со Ливерпул

Преговорите меѓу Мохамед Салах и Ливерпул се во завршна фаза и многу брзо Египќанецот ќе потпише нов договор со клубот,…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?