Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
ЕКОНОМИЈА

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

Објавено July 19, 2025 09:39
Сподели
Сподели

Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. Одлуката следува по јавната расправа за таа намена која резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. 

Најнискиот почетен изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест  за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милиони евра,  а за одобрението  C1, 2,320 милиони евра.

Понудувачот кој ќе се квалификува  за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите. 

Рокот за доставување на понудите е 35 дена од денот на објавата, а јавното отворање на понудите ќе се изврши на 22 август во 10 часот во просторииите на АЕК. 

АЕК на 22 април годинава објави  намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар.

Заклучно со четвртиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1.975.907. 

Од 10 нотифицирани субјекти во службената евиденција на АЕК во четвртиот квартал лани шест субјекти обезбедуваа јавно достапни телефонски услуги на јавна мобилна комуникациска мрежа: Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија Скопје, Лајкамобајл – Скопје, Телекабел – Штип, Греен Мобиле – Прилеп и МТЕЛ – Скопје. 

Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на месецов, покажаа дека најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
Следна Статија Велика Британија инвестира милијарда фунти во инфраструктура за вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети за Владата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан,…

January 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трамп ѝ дава победа на Илон Маск против долгогодишен непријател

Претседателот Доналд Трамп нареди преглед на два големи советодавни претставници на полномошници - компании кои им советуваат на акционерите за…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?