Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аеродромот Хитроу објави дека ќе продолжи денеска со работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Аеродромот Хитроу објави дека ќе продолжи денеска со работа
СВЕТ

Аеродромот Хитроу објави дека ќе продолжи денеска со работа

Објавено March 21, 2025 19:22
Сподели
Сподели

Британскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе започне со процесот на повторно отворање денеска, откако пожар ја прекина струјата и го принуди најпрометниот аеродром во Европа да се затвори.

Хитроу е петти најфреквентен аеродром во светот и беше принуден да ја прекине работата откако синоќа пожар зафати трафостаница во близина на аеродромот.

-Нашите тимови неуморно работат по инцидентот за да обезбедат брзо закрепнување. Сега сме во состојба безбедно да ги продолжиме летовите, давајќи им приоритет на репатријацијата и трансферот на авиони, се вели во соопштението на аеродромот објавено на „Х“. „Се надеваме дека целосно ќе ги обновиме операциите утре и наскоро ќе обезбедиме дополнителни информации. Наш приоритет останува безбедноста на нашите патници и персоналот на аеродромот. Се извинуваме за непријатностите предизвикани од овој инцидент“, се додава.

Антитерористичка единица на полицијата учествува во истрагата за причините за пожарот. Британскиот премиер Кир Стармер денеска соопшти дека е во контакт со властите на терен и редовно добива ажурирања за пожарот во електричната трафостаница Норт Хајд, поради кој најголемиот британски аеродром Хитроу беше затворен

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага
Следна Статија (ВИДЕО) Насилство во Ниш, повеќе десетина повредени, нападнат е и градоначалникот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Масовен напад врз Русија: Украинските дронови направија хаос во три региони, има загинати

Најмалку три лица ги загубија животите во серија напади од украински беспилотни летала на територијата на Русија. Инциденти беа регистрирани…

August 2, 2025
СВЕТ

Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“

Папата Лав Шеснаесетти денеска го повтори својот повик за ставање крај на војната во Украина. – Цврсто го повторувам мојот…

August 31, 2025
СВЕТ

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од Европската унија врз Русија, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо…

June 8, 2025
СВЕТ

Аеродромот Минхен повторно отворен по прекин во авиосообраќајот поради дронови

Аеродромот во Минхен утрово ја возобнови работата, откако сите полетувања и слетувања беа стопирани во текот на изминатата ноќ поради…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?