Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство
СВЕТ

Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство

Објавено September 9, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, Џон Елкан, се согласи на една година општествено корисна работа и, заедно со својот брат и сестра, ќе платат милиони евра за да решат спор околу данокот на наследство во Италија, објавува BBC.

Според италијанските обвинители, Џон Елкан и неговите браќа и сестри, Лапо и Џиневра, ќе им платат на италијанските власти 183 милиони евра. Неговиот адвокат нагласи дека договорот не претставува признавање на одговорност, туку можност брзо да се заврши оваа афера.

Даночниот спор се однесува на имотот на бабата на Џон Елкан, Марела Карачоло, која почина во 2019 година. Обвинителите тврдат дека браќата и сестрите Елкан не пријавиле имот од околу 1 милијарда евра и приход од 248,5 милиони евра, засновајќи ја својата одбрана на фактот дека нивната баба била жител на Швајцарија.

Обвинителите прифатија договор за спогодба, по што побараа од судијата да ја отфрли кривичната постапка против браќата и сестрите Елкан, што беше прифатено.

Џон Елкан ќе мора да предложи објект каде што ќе извршува општественокорисна работа, со опции кои вклучуваат центри за стари лица или центри за зависности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апел од Стопанската комора по големиот пожар во Виница: Поддршката на Макпрогрес е поддршка за македонската економија
Следна Статија Денеска е Свети Фануриј – заштитник на учениците и студентите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Полјаците се до гуша во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан присуството на руските дронови во воздушниот простор на Полска го нарече неприфатливо, но додаде дека таквиот…

September 12, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп во интервју за Фокс Њуз: Зеленски е неблагодарен, а Европа ме нервира

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во ексклузивно интервју за Фокс њуз ги коментираше актуелните светски настани-за неуспешниот договор за минерали…

March 9, 2025
СВЕТ

Авион излета од пистата во Истанбул- Патниците од летот Приштина–Истанбул спасени

Авион на релација Приштина–Истанбул вчера излетал од пистата по слетувањето на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул, но за среќа нема…

December 8, 2025
СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?