Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Свети Фануриј – заштитник на учениците и студентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Денеска е Свети Фануриј – заштитник на учениците и студентите
ЗАБАВА

Денеска е Свети Фануриј – заштитник на учениците и студентите

Објавено September 9, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Свети Фануриј е славен великомаченик кој се празнува на 9. септември и за кој се верува дека помага во исполнување на желбите. Се верува дека на овој ден се меси и сладок колач во чест на маченикот кој е познат како заштитник на учениците и студентите.

Погачата Фануропита или Фанурија го добила името по младиот светец Фануриј кој живеел на островот Родос.

Се приготвува кога имате некаква потреба, нешто изгубено или работа, стан, љубов.. му се молите на Свети Фануриј, го правите овој колач, а светецот ќе ви ја исполни вашата желба. Ова е народно верување и обичај. По тој повод верниците замесуваат колач посен со само 9 состојки. Обичај е на ова лепче на која е ставена свеќа, заедно со малку црвено вино да се носи во црква и да биде благословено.

Откако лепчето ќе се испее се крши и се раздава со добра мисла на останатите верници. Карактеристично е додека се меси личноста што го прави се моли за благодет, среќа и мир во семејството и домот, а потоа си замислува желба.

Во преданието постои благоговен обичај за принесување на фануропита (или фанурија), како знак за благодарност на светителот за откривање на изгубени нешта. Откако фануропитата ќе се благослови, обично се разделува на собраните верници со зборовите: „Господ да ѝ прости на мајка му на св. Фануриј“.

Сè додека овој чин се прави со страв Божји и во слава на споменот на маченикот, верниците остануваат верни на Христа и Евангелието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на „Ферари“ ќе служи општествено корисна работа и ќе плати милиони за наследство
Следна Статија Брз развој на земјата каде што војната беснееше со години: Милијарди, кранови и пасош за 45 минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

Марко Перковиќ Томпсон беше во брак со пејачката Данијела Мартиновиќ, пор. Данијела Мартиновиќ и Марко Перковиќ Томпсон беа заедно во деведесеттите години. Во…

July 5, 2025
ЗАБАВА

Рики Мартин ќе пее во Подгорица за 20 години независност на Црна Гора

Светската ѕвезда Рики Мартин ќе настапи на Плоштадот на независноста во Подгорица, како дел од прославата на две децении од…

May 5, 2026
ЗАБАВА

Човек висел 70 километри на воз кој возел со брзина од 282 км/ч

Маж се залепил за надворешната страна на брз воз во Германија кој се движел со брзина до 282 км/ч и…

January 18, 2025
ЗАБАВА

Влезница за Венеција достигна 10 евра, но не секогаш и не за секого

За патување во Венеција, туристите сега треба повторно да платат влез – до десет евра доколку сакаат да поминат еден…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?