Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение
ЕКОНОМИЈА

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Објавено January 20, 2026 17:27
Сподели
Сподели

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Според Азески, за ова прашање треба да се разговара, да седнат трите страни, работниците, Владата и работодавачите и да се дојде до најдоброто решение.

-Ние можеме да одиме со какво сакате зголемување на минималната плата која утре нема да биде исплатена и тоа ќе донесе поголеми тешкотии за вкупната економија во државата, истакна Азески, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Реплек“ АД.

Тој е дециден дека бизнисот не може да функционира без работниците и тие, рече, не смее да бидат маргинализирани, но во целиот процес, како што напомена, има и работодавачи и држава.

-Секој треба да си понесе дел од својата одговорност. Само така може да се постигне ефикасен економско-социјален дијалог. Ние сакаме работниците да имаат поголеми плати, работодавачите да остваруваат поголеми профити од државата, потенцира претседателот на Комората.

Во однос на владината одлука да се зголеми квотата на странски работници во Македонија, тој истакна дека ако подолго време образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ќе мора да увеземе работна рака.

-Ако констатираме дека долги години образованието не испорачува кадар за потребите на бизнисот, ова е резултат што сега го гледаме и ќе мораме да увеземе работна рака. Но, земјите од каде што доаѓаат, мислам дека за нив Македонија е транзитна земја зашто и тие вакви не не перцепираат, бараат поразвиени земји. Се наоѓаме во ситуација на геополитичко преструктуирање во кое се измешаа работите на секој план, особено во однос на квалификуваната работна сила и не можат да се дадат прецизни дефиниции, но ние настојуваме прашањето да го решиме сами и да ги оспособиме нашите луѓе зашто менталитетот и навиките за работа на луѓето кои доѓаат се подруги и треба предимство да добијат домашните субјекти. Тоа го правиме преку дуалното образование, 500 училишта и компании имаат склучено такви договори, а работиме и во делот на високото образование, лично ова би го третирал како прашање кое е моментално актуелно и би бил мотивиран побрзо да си ги решиме работите, да оспособиме наш кадар, рече Азески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка
Следна Статија „Безбеден град“ обезбеди поддршка од ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше…

April 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат по 1.000 денари додаток за трошоците за струја, од октомври до март

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за…

February 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Деаноски: Првпат без работниците е донесена одлука за минималната плата

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на…

March 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал од годинава е преку 30 проценти, а…

March 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?