Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески: Секој раст поголем од претходната година е успех
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески: Секој раст поголем од претходната година е успех
ЕКОНОМИЈА

Азески: Секој раст поголем од претходната година е успех

Објавено September 5, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Стопанската комора на  Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива која води кон повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и изграден модел на економски раст, истакна денеска претседателот Бранко Азески.

Прашан за коментар за изјавата на премиерот дека македонската економија бележи раст од 3,4 отсто и оти државата е лидер во регионот, нагласи дека секогаш треба да се движиме кон некаква цел, која е повисока од претходната.

– Нас ни е потребна цел, таа цел ја гледам во раст на бруто домашниот производ затоа што нема други индикатори кои ќе прикажат дека има плаформа и има цел кон која се движиш. Јас верувам и сум верувал цел живот во три работи: да имаш јасна цел пред себе, луѓе што можат тоа да го остварат зад тебе и да имаш пари. Без тие работи неможе напред да се оди, рече Азески.

Тоа, според него, ја мобилизира целата економија да се движиме кон некаква цел која е повисока од претходната, ќе значи одговорност за кажаното и кое ќе те стимулира да го правиш тоа, но ќе ги стимулира и сите странично да го прават и да ги доведе на една платформа на развој.

– Една држава може да постои и опстои само ако обезбеди иднина за своите генерации, а таа иднина се обезбедува со повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и со изграден модел на економски раст. Ние ќе поддржиме секаква иницијатива која води во тој правец. Знаеме што значи д анаправиш таков раст и дека е потребен деловен амбиент, услови во регионот каде нема да ѕвечка оружјето, туку ќе бидат поставени на ниво на конкурентска борба на стоки и услуги на меѓународниот пазар. И сакаме да го оставриме тоа на тој начин. Сите влади да делуваат во функција на остварување на предвидлив деловен амбиент и избегнување на секакви конфликти кои ја уништуваат економијата, додаде Азески.

Подвлече дека остануваат на општите принципи и оти секој раст поголем од претходната година е успех и за Комората и за компаниите и за секоја влада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три земјотреси во Србија за еден и пол час
Следна Статија Жители на Карпош внимавајте, има зголемен број на кражби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Земјоделците се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата

Земјоделците во сите региони се незадоволни од откупните цени на јачменот и пченицата кои според нив се ниски и неприфатливи.…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите

Повеќе од половина од корисниците на телекомуникациските услуги се задоволни од цените и квалитетот, а сумираното задоволство од цените е…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените на основните производи, ќе ги ограничиме профитните маржи и цени

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Топ 5 најголеми добитници на тендери на општина Гази Баба во 2025 година

Општина Гази Баба од почетокот на 2025 година најмногу издвоила за Реконструкција на домот на култура 11 Октомври-Ченто каде на…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?