Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“
ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Објавено April 4, 2025 16:26
Сподели
Сподели

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич и Василка Салевска-Трајкова, менаџер за екстерни прашања. ФМТКП е македонската филијала на „Филип Морис Интернешнл“, водечка меѓународна тутунска компанија.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката во бизнис секторот како и за актуелните предизвици и трендови во тутунската индустрија, но и пошироко во стопанството.

Претставниците на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ ги презентираа постигнатите позитивни резултати, производствените и извозните потенцијали, планови но и предизвици во целокупниот бизнис-екосистем. Производите на ФМИ се продаваат на приближно 170 пазари низ светот. Глобално, ФМИ ги поседува број еден брендовите за цигари, но и иновативни производи без чад од категориите на уреди за загревање, несогорлив тутун и никотински ќесички.

Компанијата ФМТКП започна со работа во 2014 година како стратешко партнерство помеѓу глобалната тутунска компанија Филип Морис Интернешнл и Тутунски комбинат Прилеп при што ФМИ поседува 51% додека ТКП држи 49% од акциите на заедничкото вложување. Од самите почетоци ФМИ инвестира во модернизација и реструкутрирање на Тутунскиот Комбинат Прилеп, вложува во капитални инвестиции за производство на цигари што овозможија извоз на повеќе од 10 пазари во Европа и во земјите-членки на ЕУ.

Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии, што создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија.

Соработката со ФМТКП постои од самите почетоци, а делувањето на нејзините претставници во телата на комората и како експерти во одредени области е патоказ како треба да се соработува со домашниот бизнис. Комората гради односи со компании како ФМТКП со кои можеме да наметнеме свој став и решенија по одредени прашања кај Владата. Во наредниот период ќе се работи во насока на забрзано воведување нови технологии и иновативни решенија во оваа индустрија и нивно законско регулирање, за што лично ќе се заземе и претседателот Азески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година
Следна Статија Ужас во Гостивар: 15-годишник извршил полов напад врз петгодишната братучетка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мито од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора

Од 1.000 до 10.000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните…

October 31, 2024

Форд се префрла на хибриди и го укинува целосно електричниот F-150, очекува загуба од 20 милијарди долари

До 2030 година, околу 50% од глобалниот обем на Форд ќе бидат хибриди, електрични возила со проширен домет и целосно…

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бројот на вработени лица во Македонија бележи намалување!

Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со првото тримесечје…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Менаџерскиот тим на М-НАВ: Македонското небо не смее да се ”затвори”

Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира до јавноста околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври.…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?