Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Netflix го купува Warner Bros за 72 милијарди долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Netflix го купува Warner Bros за 72 милијарди долари
ЕКОНОМИЈА

Netflix го купува Warner Bros за 72 милијарди долари

Објавено December 5, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Стриминг платформата „Нетфликс“ (Netflix) потпиша договор со американскиот филмски и телевизиски конгломерат „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) за купување на студиото и стриминг бизнисот во вредност од 72 милијарди долари, објавија потписниците.

Тој договор би ги собрал двата најмоќни филмски и телевизиски гиганти под еден покрив, имајќи предвид дека „Ворнер“ е сопственик и на стриминг платформата „HBO Max“, како и на имотните права за прикажување на стриповите „DC Comics“ и книгите „Хари Потер“, како и на правата за хит сериите „Пријатели“, „Игра на тронови“, „Сопранови“ и „Бел лотос“.

Договорот за готовина и акции е вреден 27,75 долари по акција на „Ворнер“, што му дава вкупна вредност на претпријатието од приближно 82,7 милијарди долари.

Се очекува трансакцијата да се затвори откако „Ворнер“ формално ќе се одвои од „Дискавери Глобал“ во третиот квартал од 2026 година.

Ова преземање означува радикална промена во стратегијата на Netflix, кој досега не реализираше аквизиции од ваков обем.

Со купувањето, Netflix го купува HBO и неговиот каталог на хит серии, вклучувајќи ги „Бел лотос“ и „Сопранови“, како и имотните права на познати филмови и серии како „Хари Потер“ и „Пријатели“.

Конкурентската компанија „Парамаунт“ остро ги критикуваше овие преговори, сметајќи дека процесот бил нерегуларен и договорен во корист на „Нетфликс“.

Регулаторните ризици се значајни, бидејќи ова проширување на Netflix би можело да предизвика реакции од антимонополските регулатори во САД и Европа, додава њујоршката агенција.

Доколку регулаторите го одобрат преземањето на „Ворнер“ од страна на „Нетфликс“, заедно тие ќе имаат околу 450 милиони претплатници низ целиот свет, што гарантира силна доминација на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прв пат во БиХ: Судот во Тузла пресуди дека доказите добиени од апликацијата Sky се нелегални
Следна Статија ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада

Растот на БДП од 3,8 во третиот квартал од годинава, според премиерот Христијан Мицкоски, е показател дека периодот на консолидирање…

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извршниот директор на AppLovin ги потценува ризиците од вештачката интелигенција

Извршниот директор Адам Форуги вели дека компанијата ќе продолжи да профитира од напредните AI модели

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Размената на податоци меѓу УЈП и Централниот регистар клучна за бизнис опкружувањето

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за…

October 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Халкбанк предупредува за онлајн измама со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?