Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност
ЕКОНОМИЈА

ЕК го казни Икс со 120 милиони евра за прекршување на обврската за транспарентност

Објавено December 5, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Европската комисија денеска му изрече казна од 120 милиони евра на Икс поради непочитување на Законот за дигитални услуги (ДСА) со прекршување на својата обврска за транспарентност, соопшти портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет Тома Рение.

– Ова е прва ваква казна согласно ДСА. Прекршувањата на Икс вклучуваат измамнички дизајн на неговиот препознатлив симбол (blue checkmark), недостиг на транспарентност на околу рекламирањето и неуспех да се обезбеди пристап до јавни податоци за истражните тимови, изјави Рение.

Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на правото на ЕК за изрекување казни поради непочитување на правилата на Законот.

Рение информира и дека ЕК ги прифатила образложенијата и преземените мерки од страна на ТикТок во однос на претходно изнесените нејзини забелешки околу неговата транспарентност.

– Ова покажува дека нашата цел не е казнување. Ако конструктивно се ангажирате со Комисијата, ќе ги разрешиме случаите, додаде Рение.

Сега Икс има рок од 60 работни дена да ја информира Комисијата за конкретните мерки што планира да ги преземе за да го прекине прекршувањето на Законот и рок од 90 работни дена да и достави Акциски план за нивно спроведување. По ова, Комисијата ќе има рок од еден месец да ја донесе својата конечна одлука по предложениот план и да одреди „разумен период“ за негово спроведување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Netflix го купува Warner Bros за 72 милијарди долари
Следна Статија Повторно затворање на граничниот премин Евзони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цени на автомобили во Европа: Каде се најскапи, а каде се најевтини и каде е Македонија?

Споредувањето на цените на автомобилите низ цела Европа е сложен предизвик. Фокусирањето на еден или неколку специфични модели може да…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Апел од Стопанската комора по големиот пожар во Виница: Поддршката на Макпрогрес е поддршка за македонската економија

В петок, 12 септември 2025 година, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Македонија се наоѓа во инфраструктурна експанзија

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?