Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска
ЕКОНОМИЈА

Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска

Објавено June 4, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Промените во Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа. 3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, велат од Владата.

-За разлика од претходно, сега Македонија бележи позитивни резултати и според овие бројки и проценти, Македонија се впишува како земја со најбрзорастечка економија, во група на држави како Ирска, Данска и Полска. Порастот на БДП е показател дека работиме посветено и носиме одговорни политики во интерес на граѓаните. И тука не застануваме, нè чека целосна трансформација на Македонија и промени кои ќе значат поголема сигурност и подобра иднина за сите. Македонија ја очекуваат нови победи и уште поголеми економски резултати, тоа што го ветивме, се обврзавме, го исполнуваме, се наведува во владиното соопштение.

Од Владата порачуваат дека Македонија мора да оди напред, а граѓаните да се задоволни.

-Економскиот раст и развој се наш најголем фокус и приоритет. Затоа продолжуваме со јасна визија и јасни цели, македонската економија да оди напред. Државата е на патот на промените, велат од Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто појадокот е најважниот оброк
Следна Статија Николоски: Договорот со Велика Британија е во служба на народот и ја гарантира иднината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Газдите имаат и до 10.000 евра профит од САМО ЕДЕН ВРАБОТЕН, а минималната плата тапка во место

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, на социјалните мрежи сподели пресметка по сектори, колку компаниите имаат профит…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

АНКЕТА: Македонските работници бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја…

November 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Дали ни е потребна контрола на маржите во изградбата на станови?

Во 2020 година, просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во Општина Центар, Скопје, изнесувала околу 970 евра. До…

February 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Доколку трговците не ги намалат цените на основните производи, ќе ги ограничиме профитните маржи и цени

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?