Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако утре има парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила над 60 пратеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ако утре има парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила над 60 пратеници
ПОЛИТИКА

Ако утре има парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила над 60 пратеници

Објавено October 22, 2025 09:49
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ по Донтовиот модел, со овие гласови ќе има над 60 пратеници, додека пак СДС во некои ИЕ би била трета партија, проценуваат од владејачката партија.

Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по бројот на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати – продолжува, благодарност до сите оние кои го направија вистинскиот избор.

На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласа повеќе од 2021 година, додека СДС потона со минус 111.000 гласа. Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата со најголема поддршка во 59 општини и градот Скопје, а во мнозинството од нив има апсолутно мнозинство во советите. Тоа значи дека народот избра стабилност, развој и чесни луѓе кои знаат што значи работа за интересот на државата, а не за лични привилегии.

Граѓаните избраа пат на раст и развој, а не застој и пропаѓање. Со оваа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на народот, што ги слуша граѓаните и работи за нив.

Сега е време оваа голема победа да се заокружи во вториот круг. Да излеземе масовно и уште еднаш да ја потврдиме волјата на народот, со заокружување на бројот 9, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина! Направете го вистинскиот избор!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Автомобил се заби во капијата на американската тајна служба во Вашингтон
Следна Статија (Видео) Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата

Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски. „Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска пред седиштето на Јавното обвинителство изјави дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Скандалот со прислушкувањето е многу сериозен и се граничи со државен удар

Во вчерашната емисија „Ставот на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој истакна…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: „Стратегијата Македонија 2030“ на ВМРО-ДПМНЕ како ново поглавје за стабилност и развој на државата

„Дозволете ми денес да истакнам дека на вчерашниот Конгрес во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ ја усвои стратегијата „Ново поглавје –Македонија 2030“, тоа…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?