Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници

Објавено September 17, 2025 10:06
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери.

„Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера, на 16.9.2025. Од WHOIS-записот не се гледаат јавни детали за вистински регистрант или крајни сопственици. Ова јавно отсуство на податоци, во комбинација со именуваните name servers и регистратор, укажува на обид за анонимност и прикривање на вистинските нарачатели и сопственици на сајтот, што дополнително ги засилува сомнежите дека станува збор за намерна, организирана кампања со цел политичка манипулација и сокривање на траси кон вистинските иницијатори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад вакви обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака по уште еден пат да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Зарем Обвинителството ќе остане немо на вакви содржини кои директно шират омраза, дезинформираат и претставуваат закана за безбедноста на луѓето? Дали институциите ќе ги испитаат регистраторските траги и ќе утврдат кои стојат зад анонимниот сајт и кој ги нарачал овие монструозни материјали?

Јавноста мора да знае дека обидот да се оцрни политичкиот противник преку вакви монструозни конструкции не е ништо друго освен признание за немоќ и недостаток на идеи. Болката на семејствата мора да остане света и недопирлива, а не инструмент за најниска политичка злоупотреба.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на демократијата, дијалогот и решавањето на проблемите на граѓаните преку одговорни политики, а не преку ширење на омраза и лаги“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите
Следна Статија НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГОРЕЛЕ БАТЕРИИТЕ ИМА ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА БАКАР И ЦИНК Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека нема други отстапувања по пожарот во Трубарево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Се е претворено во шоу, власта не ја води државата туку ја режира

Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, денеска беше во посета на Општина Аеродром каде…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во одбрана на картелот, медицинската марихуана како параван за организиран криминал

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?