Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

Објавено February 17, 2026 22:07
Сподели
Сподели

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој на самиот почеток истакна дека ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на СДС не биле испорачани.

-За една година се бара нешто коешто не било испорачано изминатите 7 години, имале доволно време СДС да ги зголемуваат платите, да ја зголемуваат минималната плата, за да сега синдикатите бидат помалку незадоволни. Кога СДС беше на власт и кога ја зголеми минималната платата на 18.000, со законска измена во договор помеѓу работниците и работодавачите, ја зголеми само минималната плата но не и другите плати, тогаш ССМ на нивно барање иницираше амандман којшто ние го поднесовме за зголемување на сите плати, тогаш ние од ССМ добивме пофални зборови, рече Петрушевски.

Петрушевски објасни дека со доаѓањето на власт, Владата ги исполнила барањата на ССМ, со зголемувањето на платите во јавниот сектор, на здравствените работници, полициските службеници, социјалните работници, како и зголемувањето на платите за 11.000 вработени во администрацијата.

-Таа обврска којашто сме ја презеле ние како тогашна опозиција за разлика од другите опозициски партии, ние штом дојдовме на власт ги испорачавме тие барања на ССМ. Линеарното зголемување на вработените во јавниот сектор го направивме секаде, ги зголемивме платите во образованието со колективен договор каде што зголемувањето ќе биде од 40 до 60% во рок од 4 години, ги зголемивме платите во високото образование за 14%, здравствените работници исто така ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати, полициските службеници добија 10% зголемување, социјалните работници добија 20% поголеми плати, вработените во СОЗР 30%, последниот договор со УПОЗ и САДУ околу 11 илјади вработени во администрација добиваат 40% поголеми плати, објасни Петрушевски и додаде:

„Испочитувани се сите колективни договори коишто претходната власт ги потпиша на заминување и не ги почитуваше, во одбраната, во културата и сите други институции. Ние ги зголемуваме платите многу повеќе од она коешто тогаш беше барање на Трендафилов кога беше СДС на власт, сега одеднаш бара 12 илјади и прави протести и блокади каде што претходно не ги правеше. Дијалог се води на институционално ниво, затоа постои социо-економскиот совет каде што треба да седнат работниците и работодавачите, да се усогласат, да ги истакнат аргументите синдикатите кои се нивните барања“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Едно лице загина, едно тешко повредено во сообраќајка во близина на Кучевичка Бара
Следна Статија Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети бара поддршка од Трамп, Фон дер Лајен и Макрон за „зачувување на достигнувањата“ од Охридскиот договор

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на партијата, Али Ахмети го испратил своето отворено писмо до локалната…

April 9, 2026
ПОЛИТИКА

Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, се вели во партиското соопштение…

June 9, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува: Владата на ВМРО-ДПМНЕ фатена во голем скандал со назначувањето на директорката за „Еразмус+“

СДСМ обвинува дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фатена во голем скандал со назначувањето на в.д. директорката на Националната агенција која…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?