Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Многу идеи се на маса, до вторник ќе се знае за реконструкцијата на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Многу идеи се на маса, до вторник ќе се знае за реконструкцијата на Владата
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Многу идеи се на маса, до вторник ќе се знае за реконструкцијата на Владата

Објавено June 27, 2026 15:54
Сподели
Сподели

До вторник сè ќе се знае, тогаш ќе го имаме конечниот епилог. Многу идеи и опции се на маса, изјави денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во врска со најавената владина реконструкција. Тој оцени дека ЗНАМ, иако е нов политички субјект, дава значаен придонес во работата на Владата преку двата ресора со кои раководи, како и преку своите претставници во пониските ешалони на власта.

Одговорајќи на новинарско прашање какви понуди добило ЗНАМ и дали можеби би се согласило на замена на кадрите во министерствата со кои раководи, Димитриевски рече дека има многу предлози и размислувања, индивидуални и партиски.

Според него, кога се разговара во политиката, сите опции се на маса. Димитриевски повтори и дека треба да се почека да се случи конечниот договор.

-Ние како владини партнери, а слушам и ВЛЕН исто така, како третиот партнер во власта, сè уште немаме постигнато конечен договор. Јас можам да говорам исклучиво во името на ЗНАМ, неговите членови, поддржувачи и сите негови кадри – истакна Димитриевски.

​На прашањето, дали е прифатлива размената на ресорите земјоделство со правда, Димитриевски одговори дека сè уште нема такви предлози на маса и дека не би сакал да шпекулира.

​-ЗНАМ како нов политички субјект, којшто активно партиципира во оваа власт и ја има усогласено владината програма на којашто работи во рамките и на двете министерства, но и во пониските ешалони на власта, дава сериозен придонес оваа Влада да работи квалитетно и просперитетно и перспективно. Факт е дека оваа Влада, работите првенствено ги враќа на позитивна нула, а потоа ги придвижува напред. Затекнавме многу лоша состојба во државата од сите аспекти и факт е дека мора да санираме, а потоа и да продолжиме – нагласи Димитриевски.

Притоа додаде дека резултатите во двете ресорни министерства каде што работат кадрите на ЗНАМ, се, видливи.

– Тоа впрочем го потврди и господинот Кошта како висок претставник на Европската Унија, којшто на неговиот брифинг токму со вас укажа дека и тоа како се забележливи резултатите на нашите министри. Но, како и да е, сепак политиката е компромис, разговори, договарање. Ние сме соочени со реконструкција на Владата и првенствено, сите активности во тој дел се менаџирани од страна на премиерот и мандатарот, којшто има апсолутно свое право да посочи, укаже, да направи одредени комбинаторики во делот на распределбата на власта помеѓу владините партнери, а наше е дали ќе се согласиме со тоа или не – нагласи Димитриевски.

ЗНАМ е секогаш подготвен, во интерес на поголем просперитет на државата и подобра благосостојба на граѓаните, да дава поддршка на Владата и владината програма, не водејќи се притоа од клиентелистички пристап да инсталира свои кадри во власта.

– Но, од друга страна, секогаш е потребно да преземете дел и од одговорноста во власта. И едно можам со сигурност да потврдам – дека по оваа владина реконструкција, ЗНАМ ќе биде посилен и кадровски и со потенцијал и во дел на располагање на директна имплементација на власта во ресорни министерства и пониски ешалони на власта. Ги отфрлам сите шпекулации што доаѓаат првенствено од портали што се директно брифирани и за жал, некои од нив служат како апологети на опозицијата, којашто нè донесе во една тешка ваква социо-економска состојба во државата, а исто така и граѓаните. И велам – ајде да почекаме и да го видиме конечниот епилог – порача тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли
Следна Статија Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети преку писмо потсетува: Албанскиот јазик бил темелот на државата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пиша писмо за користењето на албанскиот јазик во кое уште еднаш кажа дека охридскиот договор…

April 2, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Благодарам Вреди! – Чаир ќе добие поддршка и рамномерен развој од Град Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази благодарност за огромната поддршка на вчерашниот настан во општина Чаир, на покана…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски-Бериша: Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат демократските сили на Балканот

Денеска беше остварена значајна средба со г. Сали Бериша, поранешен претседател и премиер на Република Албанија, како и долгогодишен лидер…

April 29, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?