Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите

Објавено September 17, 2025 09:51
Сподели
Сподели

Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата за катастар на недвижности и во директен разговор со нив да добие објаснување, во рамки на кампањата „Катастарот до тебе“, што стартува од утре, најавува во интервју за МИА директорот на Катастарот, Иван Живковски.

Тој вели дека за мерките од страна на Народна банка за полесен пристап до кредити за прв стан, Агенцијата за катастар на недвижности го проширува Регистарот на цени и закупнини, со што во него ќе се евидентираат и цените на недвижностите содржани во преддоговорите со што ќе се следат пазарните трендови на цените, а воедно, потенцира, ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите.

Во постапка е изработка на веб-сервиси за пристап (увид и продажба) до податоците од Регистарот на цени и закупнини. Тие ќе овозможат онлајн увид и преземање или продажба на податоци од Регистарот на цени и закупнини преку порталот за електронски услуги на Агенцијата за катастар на недвижности.Така, ќе се овозможи директен пристап до податоците од Регистарот на цени и закупнини на сите заинтересирани физички лица и професионални корисници за потребите на нивниот делокруг на работа (даночни одделенија во општините, судови, проценители, банки, вештаци и др.) – вели Живковски.

Посочува и дека службеното лице при запишувањето во катастарот на недвижности не ја испитува законитоста и вистинитоста на содржината на правните основи што се поднесуваат при запишувањето, не ја испитува законитоста на постапката во која тие се донесени и не испитува дали правните основи се вистинити и во согласност со закон.

Некогаш некои активности не се во наша ингеренција, зависат од општините (единиците на локална самоуправа), нотарите или приватните геодетски фирми. Ова го потенцирам затоа што во последно време сме споменувани во врска со легализациите. Тука надлежен орган не е АКН, туку единиците на локалната самоуправа. Значи, за нашите службеници е важно дали документите имаат печат, штембил, потписи и заверки, дали има соодветност на податоците дека се работи за таа и таа катастарска парцела, дали имаат геодетски елаборат – појаснува Живковски.

Истакнува и дека овозможиле сите граѓани да пријават веднаш доколку се соочат со каква било форма на корупција и оти само на тој начин може да се придонесе за изградба на поефикасна, правична и транспарентна администрација.

Тој вели дека вкупниот број предмети кои се во процес на решавање на крајот од март 2025 година во однос на крајот од декември 2024 година бележи намалување и нерешените 3.119 предмети се намалени на 3.025.

Во интервјуто информира дека Агенцијата за катастар не недвижности интензивно работи на создавање нов систем за електронски катастар кој ќе има за цел да го модернизира и осовремени постојниот систем, а најавува и зголемување на услугите на електронскиот портал „е-услуги“ каде сега се достапни 104 сервиси преку кои граѓаните може да пристапат и да ги преземаат продуктите во дигитална форма.

Во врска со соработката со Народната банка за размена на податоци во насока на подготовка на мерки за полесен пристап до кредити за прв стан и повторно ставање во функција на Регистарот на цени и закупнини на недвижности, Живковски потврдува соработка.

Остваривме средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на која разговаравме за тековната состојба на пазарот на недвижности и за можностите за поефикасна размена на информации, кои ќе помогнат при креирање на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Соработката со Народната банка, ќе обезбеди подобра и побрза размена на информации и зајакнување на аналитичките капацитети за следење на пазарот и ќе придонесе за поефикасна поддршка на граѓаните, особено на младите луѓе, како и на брачните парови, во решавањето на нивното станбено прашање.

При подготовката на мерки од страна на Народна банка, за полесен пристап до кредити за прв стан, Агенцијата за катастар на недвижности ќе направи проширување на Регистарот на цени и закупнини, со што ќе се овозможи во него да се евидентираат и цените на недвижностите содржани во преддоговорите со што ќе се следат пазарните трендови на цените, а воедно ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите.

Во постапка е изработка на веб-сервиси за пристап (увид и продажба) до податоците од Регистарот на цени. Тие ќе овозможат онлајн увид и преземање, или продажба на податоци од Регистарот на цени и закупнини преку порталот за електронски услуги на Агенцијата за катастар на недвижности.Така, ќе се овозможи директен пристап до податоците од Регистарот на цени и закупнини на сите заинтересирани физички лица и професионални корисници за потребите на нивниот делокруг на работа (даночни одделенија во општините, судови, проценители, банки, вештаци и др.)- вели Директорот на катастарот, за МИА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелски министер: Ќе изградиме величествена полициска населба во Газа
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Каматите на депозитите растат, а на кредитите паѓаат

Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германската економија бележи пад во вториот квартал од 2025 година

Германската економија падна за 0,3 проценти во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, со побрзо темпо…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица

До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?