Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
ХРОНИКА

Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер

Објавено August 12, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Неколку пожари се активни денеска на отворен простор низ државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најсериозна е ситуацијата на територијата на Општина Македонски Брод, во ловиштето „Јасен“, каде пожарот со денови не може целосно да се стави под контрола.

-Овој пожар е активен неколку дена. Иако повеќе пати беше ставен под целосна контрола, а на моменти и целосно изгаснат, поради исклучително непристапниот терен некои негови краци повторно се реактивираат, зафаќајќи поголема површина, изјави Ангелов.

Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два од МВР и еден од Армијата, кои дејствуваат од раните утрински часови. На терен се распоредени 15 припадници на специјалните единици на МВР и 26 припадници на специјалните единици на Армијата, кои заедно со екипите на ЈП „Јасен“ и неколку тимови од Национални шуми, се обидуваат да воспостават контрола над огнената стихија.

Ангелов соопшти дека активен е и пожарот во атарот на село Крапа во Македонски Брод, близу пожарот кој што беснеел и пред 20-тина дена.

-Засега се работи за мал пожар и сум оптимист дека истиот ќе биде набргу ставен под контрола, а потоа изгаснат. Се уште се работи на гасење на пожарот во близина на скопското село Свиларе, каде што на терен се наоѓаат Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со поддршка на два пинцгауери на ДЗС, рече Ангелов посочувајќи дека во моментов нема други пожари кои може да се издвојат како тешки за гаснење.

Информира дека во текот на вчерашниот ден имал тежок пожар за гаснење во територијата на Кичево, кој избил во атарот на селото Челопејци. Овој пожар, потенцира тој, кој тргна кон блиските воени објекти и претставуваше закана за селото, беше изгаснат со брза и агресивна реакција.

-Кон него итно упативме два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, како и двата Ер-трактори на ДЗС. Од земја покрај екипите на ТППЕ Кичево, во гаснењето учествуваа и повеќемина припадници на Армијата, ни значителна поддршка дадоа и локалните жители. Овој многу тежок пожар кој што беше активен до доцните часови во ноќта и во 2 часот по полноќ беше целосно изгаснат. Оставени се патроли кои патролираат за да не дојде до негово реактивирање на некои од неговите краци. Состојбата со овој пожар е мирна, истакна Ангелов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И двајца малолетници се приведени по вооружената пресметка во Тетово
Следна Статија Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника

Полицијата во Радовиш го приведе 49-годишниот А.У. откако бил затекнат како се движи во полна воена опрема, вооружен со пушка…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Грчки државјанин уапсен на Богородица по барање на Интерпол Романија

На 11.10.2025 во 07:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.И.(41)…

October 12, 2025
ХРОНИКА

„Колку вреди животот во Македонија“: Две години затвор за возачот кој на пешачки ја прегази и усмрти Теодора

На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на една година условна казна затвор. За него…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?