Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност
БАЛКАН

Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност

Објавено August 19, 2025 20:45
Сподели
Сподели

ензичната состојба во Србија не стивнува, шеста вечер по ред граѓаните протестираат против полициската бруталност и владејачките политики. Немирите кулминираа во Белград, каде што беа провалени канцелариите на Српската напредна партија, а полицијата реагираше со солзавец и апсења.

По инцидентите, денеска во Палата Србија се одржа седница на Советот за национална безбедност, на која присуствуваше државниот врв и претставници на МВР и вооружените сили. На дневен ред биле безбедносната состојба, протестите, како и прашања за Косово и Метохија, Босна и Херцеговина и Република Српска.

Претседателот Александар Вучиќ ги оцени протестите како насилни и порача дека нема да дозволи државата да биде загрозена од „внатрешни и надворешни непријатели“. Тој најави засилени мерки за спречување на немирите.

Според српското МВР, во Белград се уапсени 16 студенти кои, според пријавите, кршеле прозорци, палеле контејнери и фрлале камења кон полицијата.

Меѓународната заедница изразува сериозна загриженост. „Ле Монд“ ја спореди кризата со протестите во Киев од 2013–2014 година, предупредувајќи дека насилните апсења и демолирањето на партиски канцеларии се сценарио што никој не го посакува. Германските медиуми пак сметаат дека ситуацијата е обид за замолчување на правото на протест.

Демонстрантите најавија дека нема да се откажат од своите барања, а студентскиот пленум започна иницијатива за собирање потписи за распишување предвремени избори

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Оваа земја е првата во ЕУ што го зголеми ограничувањето на брзината на 150 км/ч!
Следна Статија Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

УЖАС ВО БЕЛГРАД: Старец убиен со секира, осомничениот ја чекал полицијата и сам се пријавил

Утрово во центарот на Белград беше убиен 92-годишен маж, а за злосторството е осомничен 26-годишен маж, кој, според српските медиуми,…

June 3, 2026
БАЛКАН

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање на Кластер 4

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата добила „зелено светло“ за отворање на Кластерот 4 во преговорите за членство во…

June 12, 2025
БАЛКАН

Поградец за некоја година ќе го престигне Охрид: За Македонците веќе и во Албанија е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега…

June 8, 2025
БАЛКАН

„Македонски јазик не постои, а историјата ни е заедничка“: Со Румен Радев на чело на Бугарија Македонија не може да се надева на преговори со ЕУ

„Не можеме да допуштиме легитимација на македонизмот“, „Македонски јазик не постои“. Се противиме и на името Северна Македонија“. Ова се…

April 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?