Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: „Невладиниот сектор ќе биде вистински партнер на градот“

Објавено August 19, 2025 20:50
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа средба со претставници на невладините организации и здруженијата на граѓани од главниот град. На средбата, како што информира тој, се разговарало за клучните предизвици со кои се соочуваат скопјани, но и за идните решенија кои може да се применат врз основа на европските практики.

„Остваривме искрен и отворен муабет за проблемите од минатото, но уште поважно – за конкретните идеи за иднината. Невладините ни дадоа значајни предлози во областа на животната средина, хигиената, социјалната заштита, културата, младите, како и за лицата со инвалидитет, ретки и хронични болести“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека сите предлози се внимателно забележани и дека ќе бидат интегрирани во неговата програма за Скопје.

„Верувам дека вистинскиот пат е партнерски однос – заедничка работа, почит и визија за достоинствено Скопје. Во мене секогаш ќе имаат пријател и човек за искрена соработка“, порача Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник оцени дека градот заслужува повеќе и додаде дека со заедничка работа „ќе се врати достоинството и ќе се изгради Скопје какво што сите сакаме“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алармантна е состојбата во Србија – Вучиќ го свика Советот за безбедност
Следна Статија Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ИРЛ: Од грчкиот јаглен што горел во Македонија, парите „исчадиле“ кај Вице Заев во Бугарија

Сè уште незакрепнати од ковид-пандемијата, која силно ги погоди европските држави, континентот во 2022 година се соочи со нова незамислива криза – војна во…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски…

November 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?