Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено
МАКЕДОНИЈА

Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено

Објавено April 5, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео снимка на социјалната мрежа фејсбук на 04.04.2025. На видеото се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.

Полициски службеници од ОВККИПС извршија проверки во ОБПС Скопје и утврдија дека од нивна страна е постапувано по прекршок за погрешно паркирање сторен од возач на патничко возило „порше каен“.

По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по Наредба за вршење дејност бр. 3626 од 21.03.2025 година за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на ул. “Орце Николов”, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото „порше каен“.

Полицискиот службеник С.Н., со специјално возило „пајак“ и двајца вработени од ЈП за јавни паркиралишта на Општина Центар, се упатиле на наведеното место, каде што било затекнато возилото и револтирана група граѓани кои барале возилото да биде подигнато. На местото на настанот, од угостителски објект излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници и изјавиле дека возилото е службено. Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на „пајак“ возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено.

Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП Јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото. Таму, од страна на полицискиот службеник Х.Ѓ. е составен записник за сторен сообраќаен прекршок по чл. 63 став 6 од ЗБСП, како и прекршочен платен налог, во кој е наведено дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.

Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило „форд мондео“ се упатиле кон депото. Полициските службеници од ОВККИПС извршиле проверки за возилото „форд мондео“ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ.

Со овие полициски службеници е извршен службен разговор, при што е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина. Од страна на ОВККИПС до Одделот за дисциплински и судски постапки ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%
Следна Статија (Видео) Јокиќ не може сам против Кари и екипата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска–Давкова се сретна со Јандроковиќ: Претседателот на хрватскиот Сабор со став дека заканата со вето од соседите не е фер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ, кој е во официјална посета на земјава.…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сеќавање на Тоше Проески: Денес ќе наполнеше 45 години

Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 45 свеќи на тортата.. Иако за многу фанови на Тоше…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?