Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски обзнани: По иницијатива на Мицкоски, МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски обзнани: По иницијатива на Мицкоски, МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески
МАКЕДОНИЈА

Андоновски обзнани: По иницијатива на Мицкоски, МДТ ќе одвои околу 95 милиони денари за филмот за Тоше Проески

Објавено December 19, 2024 09:50
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

“Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства”, истакна Андоновски.

Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на нашиот Тоше Проески. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот, а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку Министерството за дигитална трансформација.

“Проектот ќе го ко-финансираме со повеќе од 95 милиони денари, во копродукциски формат и мислам дека ова ќе биде нешто на кое што ќе се гордееме наредните 2 години, прво во подготовката, во снимањето ќе биде искуство за сите нас. Се радувам на тоа што оваа Влада еден од првите чекори што ги прави во првите шест месеци е нешто вакво, да се одбележи, да се остави печат за идните генерации, славејќи ја најголемата македонска музичка икона- ангел чувар на македонската нација”, заклучи Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Реал го освои Светското клупско првенство
Следна Статија (Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови и ракети, погодена рафинерија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тројцата повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

 По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ, изјави Муцунски во Софија

Македонија е „заложник на неточна и непринципиелна блокада“ на патот кон Европската унија. Ова го изјави министерот за надворешни работи…

June 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните…

May 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?