Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алармантно: „Вака не било во Германија од 2011 година“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Алармантно: „Вака не било во Германија од 2011 година“
Blog

Алармантно: „Вака не било во Германија од 2011 година“

Објавено May 22, 2025 19:05
Сподели
Сподели

Минатата година, 196.100 компании исчезнаа во Германија, што е за 16 проценти повеќе отколку во 2023 година. Ова е највисок број од 2011 година и светската финансиска криза, објавија во среда агенцијата Creditreform и економскиот институт ZEW.


„Бројот на фирми што трајно ги затвораат своите врати во сите сектори на економијата е алармантен“, рече Патрик-Лудвиг Ханч од Creditreform.

Во индустријата, домашните „фирми страдаат од високи трошоци за енергија во производството и сè посилна конкуренција од странство“, додаде тој.

Во енергетски интензивниот производствен сектор, бројот на пропаднати компании се зголеми за 26 проценти, на 1.050. Слично е и во ИТ секторот, развојот, еколошката технологија и дијагностиката.

Сандра Готшалк од ZEW нагласи дека овие сектори треба да растат бидејќи се ориентирани кон иднината. Ваквите компании страдаат и од сериозен дефицит на квалификувана работна сила.

„Поради недоволно работници, компаниите не прифаќаат доволно нарачки и стануваат економски неодржливи“, рече Готшалкова.

Многу затворени компании работеа и во фармацевтскиот и хемискиот сектор. Повеќето од нив се мали бизниси, но во последниве години, и поголемите честопати пропаѓаат.

Извештајот покажува дека не сите затворени компании банкротираат, но дека сопствениците честопати не успеваат да најдат некој да го преземе бизнисот пред пензионирање.

Профитабилните компании чие раководство проценило дека немаат долгорочна перспектива, исто така, беа затворени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oва е списокот на казни во Грција: Ако пушите во возилото, а носите дете под 12 години ќе платите 1500 евра
Следна Статија Планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата со Косово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево кое ќе биде симбол на соживот, а не на поделби

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот…

October 30, 2025
Blog

Лагард: ЕУ да се откаже од правото на вето и да ја искористи шансата за „глобално евро“

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард во колумна за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) предупреди дека Европска Унија премногу често…

June 17, 2025
Blog

Индустријата за оружје заработи 632 милијарди долари: Еве кој најмногу заработи

Војните во Украина и во Појасот Газа, како и растечките тензии во Источна Азија, значително ја зголемуваат побарувачката за оружје…

December 3, 2024
Blog

Американски регулатори одобрија продажба на Парамаунт за 8 милијарди долари

Американските регулатори дадоа зелено светло за продажбата на холивудското студио Парамаунт на Скајденс, продукциската куќа во сопственост на милијардерот Дејвид…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?