Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аларм од Народниот правобранител: Затворите остануваат со лоши услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Аларм од Народниот правобранител: Затворите остануваат со лоши услови
ХРОНИКА

Аларм од Народниот правобранител: Затворите остануваат со лоши услови

Објавено June 26, 2026 16:09
Сподели
Сподели

Несоодветни услови за сместување во дел од затворите, недостиг од здравствена заштита, недоволен број вработени и слаб напредок во спроведувањето на препораките – ова се дел од клучните забелешки во Извештајот на Националниот превентивен механизам (НПМ) за 2025 година, кој денеска беше презентиран од заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска.

Во извештајот се наведува дека, и покрај континуираните укажувања до надлежните институции, состојбите во казнено-поправните установи со години остануваат речиси непроменети. Дел од препораките се реализирани, но најголемиот број сè уште не се спроведени, поради што проблемите продолжуваат да се повторуваат од година во година.

Националниот превентивен механизам констатира дека во повеќе затвори и понатаму постојат несоодветни сместувачки услови, а институциите се соочуваат и со сериозен недостиг од кадар. Дополнително, како проблем се посочуваат предизвиците во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита за лицата лишени од слобода, како и недостигот од специјализирани обуки за дел од вработениот персонал.

Извештајот опфаќа и контроли во полициските станици, каде што повторно се евидентирани недостатоци. Според НПМ, и натаму недостигаат униформирани полициски службеници, условите за работа во дел од станиците не се соодветни, а во голем број случаи нема ниту посебни простории за разговор со деца, што претставува сериозен недостаток во постапувањето со малолетници.

Трифуновска посочи дека ова е 15-ти годишен извештај на Националниот превентивен механизам и нагласи дека институциите мора многу поодговорно да пристапат кон исполнување на препораките, бидејќи долгогодишното непреземање на мерки придонесува состојбите во затворите и полициските станици да останат на незадоволително ниво.

Според заклучоците на извештајот, без системски инвестиции, подобрување на инфраструктурата, кадровско зајакнување и целосно спроведување на препораките, не може да се очекува суштинско подобрување на условите во институциите каде што престојуваат лица лишени од слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Во изминатите две години Владата понуди само лаги, дефокус и закани
Следна Статија Целосна забрана за движење во шума од први јули, казните се до 2000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиството на Хебиб Буњаку во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари. Од нив шест се…

February 15, 2025
ХРОНИКА

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Палчо планирал во Турција да седи три месеци, изнајмил и куќа

На денешното рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се случија неколку значајни моменти. Првото е…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Ротвајлери нападнале мајка со две деца во кичевско Другово

Мајка со две малолетни деца била нападната од две кучиња од расата ротвајлер во кичевското село Другово, додека се движела…

May 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?