Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Во изминатите две години Владата понуди само лаги, дефокус и закани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Во изминатите две години Владата понуди само лаги, дефокус и закани
ПОЛИТИКА

СДСМ: Во изминатите две години Владата понуди само лаги, дефокус и закани

Објавено June 26, 2026 16:07
Сподели
Сподели

По синоќешното гостување на премиерот Христијан Мицкоски на МРТ 1, каде што тој даде отчет за сработеното на Владата што ја предводи во изминатите две години, опозицискиот СДСМ денеска оцени дека граѓаните во изминатите две години единствено добиле лаги, дефокус и закани. Наместо подобар животен стандард, велат од СДСМ, граѓаните добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22 отсто.

„Наместо европска иднина, граѓаните добија изолација. Наместо правда, добија политичка одмазда, закани и нарачки на процеси од собраниската говорница, на телевизија и преку телефон. Економските резултати се катастрофални. За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг. Задолжувањето е секојдневно. Буџетот е празен. Нема пари за поголеми плати, за подобар стандард на работниците. Веќе снемува пари и исплата на идните пензии. Пензискиот фонд е сериозно загрозен, дупката во ПИОМ е зголемена на 40 проценти, власта го загрозува и вториот столб“,рече на денешната прес-конференција портпаролката Богданка Кузеска.

Од СДСМ ја обвинуваат власта и за масовното иселување на младите, состојбата во која се наоѓаат земјоделците, за непокачување на минималната плата ниту на платите во образованието и здравството, за неспроведување на реформите и за, како што велат, блокирање на евроинтеграцискиот пат на земјава. Од 1 198 ветувања во програмата на Владата, според СДСМ, не е исполнето ништо.

„Од Мицкоски нема одговор ниту на едно прашање. Ниту за економијата, ниту за корупцијата, ниту за европскиот пат, ниту за криминалните тендери. Затоа што нема одговори, премиерот се враќа на она што најдобро го знае – закани. По две години нарачување на процеси преку медиуми, преку собраниската говорница и по телефон, сега дојде и до директни закани со затвор од собраниската говорница“,велат од СДСМ.

Од партијата алудираат на вчерашната изјава што премиерот Христијан Мицкоски ја даде од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче. Премиерот рече дека е виновен што дозволил лидерот на опозицијата да ужива на јахти, наместо да биде зад решетки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарското МНР: Ќе се врши истрага околу дипломатската нота за семејството на Мицкоски
Следна Статија Аларм од Народниот правобранител: Затворите остануваат со лоши услови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо

Откако вчера испрати неколку писма  Емануел Макрон, Бајрам Бегај, Еди Рама, Вјоса Османи, Албин Курти, Урсула фон дер Лајен, Олаф…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста на граѓаните

„Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека…

January 25, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван

Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија упати силна реакција до пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, откако тој заедно со…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?