Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарското МНР: Ќе се врши истрага околу дипломатската нота за семејството на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарското МНР: Ќе се врши истрага околу дипломатската нота за семејството на Мицкоски
БАЛКАН

Бугарското МНР: Ќе се врши истрага околу дипломатската нота за семејството на Мицкоски

Објавено June 26, 2026 16:05
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека заштитата на дипломатската комуникација е прашање од исклучителна важност и дека ги осудува сите постапки што претставуваат прекршување на меѓународно утврдените правила и практики во оваа област.

Реакцијата од Софија следува по изјавите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски во врска со протечената дипломатска нота која се однесува на патувањето на неговото семејство во бугарскиот зимски центар Пампорово во јануари годинава.

Од бугарското Министерство за надворешни работи посочуваат дека документот кој се појави во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година и дека сè уште се утврдуваат околностите под кои информацијата станала достапна надвор од институционалните канали.

„Како што веќе информиравме, нотата што беше дистрибуирана во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година. Во тек е проверка за утврдување на сите факти и околности поврзани со обработката на документот во рамките на Министерството за надворешни работи“, наведуваат од бугарското МНР во изјава за бугарската државна новинска агенција БТА.

Ова не е прва реакција на официјална Софија по случајот. Пред неколку дена бугарското МНР негираше дека токму од нивните структури протекла информацијата за патувањето на семејството на Мицкоски. Тогаш од Министерството нагласија дека станува збор за настан кој се случил пред повеќе месеци и не може да се смета за непосредна закана за безбедноста на премиерот и неговото семејство.

Во меѓувреме, премиерот Мицкоски во интервју за Македонската радио-телевизија оцени дека низата случувања во изминатиот период не се случајни и ги поврза со, како што рече, организирана бугарска кампања насочена кон влијание во македонскиот политички простор.

Тој посочи дека зад одредени политички активности и јавни настапи стои поширок обид за промовирање позиции кои, според него, не се прифатливи за македонските граѓани. Мицкоски истакна дека не верува во случајности во политиката и дека најчесто зад ваквите настани стојат однапред планирани активности.

„Многу малку верувам во случајност во политиката. Ако нешто изгледа случајно, тоа најчесто значи дека некој друг однапред го испланирал“, изјави премиерот.

Случајот со протечената дипломатска нота предизвика реакции и во двете земји, а бугарските власти најавуваат дека по завршувањето на внатрешната проверка ќе бидат познати повеќе детали за тоа како документот се појавил во јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лажеле дека имале психички нарушувања – Криминалци наместо во затвор се сместиле во „Демир Хисар“
Следна Статија СДСМ: Во изминатите две години Владата понуди само лаги, дефокус и закани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата,…

May 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

25 милиони евра за зелена и конкурентна иднина на македонските компании

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски зема учество на настанот „Научно-технолошки развој и претприемништво“. Од таму испрати силна и јасна порака:…

February 4, 2026
БАЛКАН

И Црногорците ќе ги бојкотираат продавниците

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите…

January 27, 2025
БАЛКАН

Пратеник истепа минувач на плоштад во Приштина: Му дофрли „Сите лажете“ и доби тупаници (ВИДЕО)

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Арменд Земај истепа случаен минувач на плоштадот во Приштина. Настанот се случил додека Земај давал изјава на…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?