Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија
БАЛКАН

Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија

Објавено April 2, 2025 15:14
Сподели
Сподели

Албанија го доби првиот ултра богаташ кој е на најновата листа на Форбс за 2025 година на најбогати луѓе во светот.

Станува збор за Самир Мане основачот и сопственик на Нептун,  чие богатство е проценето, според магазинот, на 1,4 милијарди долари. Неговото име за првпат се појавува на листата на ултра богати луѓе во светот.

„Албанија го има својот прв милијардер оваа година – Самир Мане, кој има изградено богатство од 1,4 милијарди долари од инвестиции во трговски центри, продавници за електроника и луксузни недвижности низ целиот Балкан. Тој е на 2.356-то место на листата на која се наоѓаат 3028 личности од светот, објавија медиумите.

Самир Мане е основач и претседател на „BALFIN Group“, инвестициски конгломерат со седиште во Тирана, Албанија. БАЛФИН поседува трговски центри и продавници за електроника и играчки на Западен Балкан, плус банка и луксузни недвижнини во Албанија.

Мане(58) избегал од албанскиот комунистички режим во 1991 година и се преселил во Австрија како бегалец; во 1993 година почнал да продава апарати за домаќинство во родната земја. Тој го лансираше „Нептун“, синџир на продавници за електроника, во Албанија во 1998 година и се врати во Албанија во 2005 година за да го отвори првиот трговски центар во земјата. „БАЛФИН“ поседува и недвижен имот во САД, Канада и Австрија, како и логистички паркови и приватен универзитет во Албанија.

Во Македонија групацијата „Балфин“, меѓу другото е позната и како инвеститор во „Ист Гејт“, еден од најголемите шопинг молови во регионот, вреден  повеќе од 350 милиони евра. Покрај   трговскиот центар, проектот содржи и станбен комплекс како и деловен простор.

Балфин претходно (во 2012 година) го изгради и „Скопје Сити Мол“, за подоцна во 2016 година да го продаде на Hystead од Велика Британија за 92 милиони евра.

САД, со рекордни 902 милијардери, се уште имаат повеќе милијардери од која било друга земја во светот. Кина со 516 (вклучувајќи го и Хонг Конг) останува втора, додека Индија со 205 милијардери и натаму е на третото место. Повеќе од 50% од сите милијардери се државјани на една од тие три земји, но вкупно 76 нации и две полу автономни територии имаат најмалку еден милијардер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
Следна Статија Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза

Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни…

July 8, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО)Уапсен директорот на ЈСП во Нови Сад, продавал кокаин со „Балканскиот картел“

Младен Паповиќ, в.д директор на ЈГСП „Нови Сад“, денеска е уапсен како дел од криминална група позната како „Балкански картел“,…

November 26, 2024
БАЛКАН

Стотици таксисти ги вратија дома студентите кои пешачеа до Крагуевац

Колона од повеќе стотици таксисти од Белград дојде во Крагуевац за да ги врати студентите кои дојдоа во тој град…

February 16, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?