Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Писмо до Рубио: Конгресмени и сенатори бараат пресметка со Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Писмо до Рубио: Конгресмени и сенатори бараат пресметка со Додик
БАЛКАН

Писмо до Рубио: Конгресмени и сенатори бараат пресметка со Додик

Објавено March 13, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Група американски конгресмени и сенатори испратија писмо до државниот секретар Марко Рубио, барајќи од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да заземе посериозен став кон кризата во Босна и Херцеговина, предизвикана од претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик.

Писмото го потпишаа Чак Грасли, Џин Шахин, Џејмс Риш, Дик Дурбин, Том Тилис, Крис Ван Холен, Питер Велч, Ен Вагнер и Мајк Квигли.

Во оваа група има и демократи и републиканци, а тие ја истакнаа заканата од Милорад Додик со неговите антиуставни и антидејтонски потези.

Првиот потпис е можеби најважниот

Прв меѓу потписниците е Чак Грасли, републикански сенатор од Ајова, кој важи за еден од најблиските соработници на Доналд Трамп во американскиот Сенат. Иако неговата сојузна држава нема преголем број на граѓани со босанско потекло, тој, според неговите зборови, ги почитувал нивните ставови и затоа може да се каже дека ја води оваа „офанзива“ која доаѓа од Вашингтон. Патем, Грасли е во Сенатот од 1981 година и има одлични односи со Трамп, кои го развија најмногу поради неговата улога во Судскиот комитет, што беше исклучително важно за Трамп поради неговите избори за судии во Врховниот суд на САД.

Фактот што Грасли е потписник на ова писмо, но и тоа што ги истакна неуставните потези на Додик објавувајќи го на Х и обраќајќи се пред Сенатот, сигнализира дека Републиканската партија сериозно ја сфатила заканата од претседателот на РС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Принцот Вилијам разговараше со обожавателка и се пошегува: Барем јас да имав таква коса
Следна Статија ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на…

June 18, 2025
БАЛКАН

Германија ќе го намали бројот на работници од Балканот

Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од клучните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот…

March 20, 2025
БАЛКАН

Земјотрес од 4,7 степени кај Анталија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на…

April 13, 2026
БАЛКАН

Милановиќ за странските работници: И нашите деца треба да ги работат овие работи, ние сме разгалени

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денес учествуваше на церемонијата на доделување награди по повод Денот на градот Загреб. „Загреб, нашиот…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?