Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот
СПОРТ

Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот

Објавено July 15, 2026 14:01
Сподели
Сподели

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш изјави дека бил посреќен додека бил во затвор, отколку кога заработувал милиони евра како професионален фудбалер, истакнувајќи оти неговата вера во Бога му помогнала да го пронајде внатрешниот мир, објави шпанскиот весник „Марка“.

Алвеш, кој настапуваше за Барселона, Јувентус, Севиља, ПСЖ и бразилската репрезентација, неодамна одржа говор во Мадрид во кој зборуваше за своето искуство во притворот и важноста на верата.

„Заработував милиони евра, фала му на Бога и на фудбалот, но во тоа време не го сфатив тоа. Во затворот, каде заработував 113 евра, бев посреќен отколку кога заработував милиони“, рече Алвеш.

Бразилскиот фудбалер нагласи дека неговата вера му била најголемата поддршка во тој период.

„Играв фудбал, а потоа ги чистев собите во затворот, но го имав мојот Татко покрај мене“, рече Алвеш, алудирајќи на Бога.

Видеото од неговиот говор набрзо стана вирално на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции од јавноста.

Алвеш претходно беше обвинет за силување, но Високиот суд на Каталонија го ослободи од обвиненијата и ја поништи претходната пресуда со која беше осуден на казна затвор од четири и пол години. Претходно, Алвеш помина повеќе од една година во притвор, по што беше пуштен да се брани од слобода.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Фрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО
Следна Статија Од понеделник можно е ново намалување на акцизите за горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Јевгениј Кафелников: „Вистинскиот срам е она што се случува во денешниот тенис“

Оние кои најдолго беа број еден во светот беа позитивни на допинг тест оваа година. Ова никогаш досега не се…

November 30, 2024
СПОРТ

„Oд два во кец“: Челзи ја сврти против Вест Хем

Екипата на Челзи направи неверојатен пресврт и стигна до победа во дуелот од 24.коло од Премиер лигата откако го совлада…

January 31, 2026
СПОРТ

Joкиќ уште е повреден, Денвер е во проблеми

Настапот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ на вечерашниот дуел на Денвер против Сан Антонио е наведен како „неизвесен“. Тоа значи…

April 12, 2026
СПОРТ

Ивановски поразен во квалификациите на Челинџерот во Хелсинки

Македонскиот тенисер Калин Ивановски претрпе елиминација на стартот од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во финската престолнина Хелсинки, откако денеска…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?