Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Фрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Фрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО

Објавено July 15, 2026 13:47
Сподели
Сподели

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) денеска обвини дека фирми за кои тврди дека се блиски до ВМРО-ДПМНЕ добиле над два милиони евра преку договори со државни институции и јавни претпријатија.

Членот на Извршниот одбор на АКТ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција рече дека компанијата „Маратон гроуп“, од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, добила договори во вредност од над 1,5 милиони евра, главно од Државна лотарија и Државна видеолотарија за надворешно и внатрешно рекламирање на автобусите на ЈСП Скопје.

Според него, и покрај финансиските проблеми со кои се соочува ЈСП, компанијата „Маратон“ остварила значителен профит.

Фрчкоски тврди дека АКТ открил и поврзаност меѓу сопственикот на „Маратон“, Љупчо Костовски, и компанијата „С.И.А. Медиа ДООЕЛ Скопје“, чиј сопственик, како што рече, е поранешен негов деловен партнер.

Според СДСМ, и оваа компанија по промената на власта склучила договори во вредност од 458.875 евра.

Од АКТ понатаму тврдат дека трагата води до генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, потсетувајќи дека тој во 2017 година, како директор на ЈСП Скопје, потпишал десетгодишен договор со компанијата „Маратон“.

СДСМ обвинува дека со укинувањето на маркетинг-секторот во ЈСП било овозможено рекламниот простор на претпријатието да го користи приватната компанија, а актуелната власт, според партијата, продолжила да склучува договори со истите фирми.

Од Антикорупцискиот тим на СДСМ велат дека досега објавиле информации за, како што тврдат, скандали вредни околу 150 милиони евра и ја повикаа надлежните институции да ги испитаат нивните наводи. Од Владата и од посочените компании засега нема реакција на овие обвинувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ: ЕУ треба заедно да го прими Западниот Балкан
Следна Статија Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ

Нов скандал со безбедносните служби е на повидок. Јавно се објавени сомнежи за незаконско именување на директорот на Бирото за…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека интензивирањето на нападите, црните кампањи и обидите за внатрешно рушење на партијата доаѓаат во…

January 23, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанска трибина во Македонски Брод, го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?