Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидати за пратеници на местото на избраните градоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидати за пратеници на местото на избраните градоначалници
ПОЛИТИКА

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидати за пратеници на местото на избраните градоначалници

Објавено November 3, 2025 20:05
Сподели
Сподели

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница.

Како што образложи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.

Пред Стојановски на листата за пратеници од коалицијата е Игор Никовски, но Никовски ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.

За нвоите тројца пратеници ДИК, рече Кондарко, веднаш ќе го информира Собранието на РСМ.

Претходно денеска, на седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа мандатите за пратеници.

-ДИК констатира дека пратеници во Собранието за остатокот од мандатот ќе бидат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов, првите двајца за Изборната единица 1, а Андонов за Изборната единица 4, истакна Кондарко и дополни дека според процедурата, ДИК на избраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска е избрана за градоначалник на Кисела Вода, пратеникот Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште, а Дејан Проданоски за градоначалник на Прилеп.

ДИК на денешната седница ја усвои и Одлуката за доделување средства на своите вработени, на припадниците на МВР и на другите ангажирани лица за враќање на уредите за биометриска идентификација на гласачите кои се користеа во изборниот процес. Уредите треба да бидат донесени во ДИК, а потоа од нив треба да се избришат и сите внесени податоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведен возачот кој усмрти велосипедист во Скопје и побегна
Следна Статија Mицкоски со лидерите од Западен Балкан на Самит за проширување на ЕУ во Брисел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик“, прашува СДСМ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е истата – негира и дека е на „жешка линија“ со Заев

На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов има редовна комуникација со членовите на Владата, велат од премиерскиот кабинет за МИА. Оттаму повторуваат…

April 23, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Антиевропски е заемот од Обединетото кралство

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја критикуваше Владата за договорот за заем со Обединетото Кралство, оценувајќи го начинот на заем…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?