Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство
ЗДРАВЈЕ

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Објавено August 23, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во секое време да има увид во видот, вредноста и донаторите на пристигнатата помош.

Модулот е достапен на веб-страницата donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детални информации за секоја донација примена од Министерството или јавните здравствени установи.

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека досега се евидентирани над 400 донации, а бројката постојано расте.

„Од самиот модул се гледа дека донациите доаѓаат од широк спектар донатори – од меѓународни институции и организации, држави и хуманитарни фондации. Токму нивната поддршка е клучна потврда за довербата и значењето што го има нашиот здравствен систем“, изјави Алиу.

Податоците покажуваат дека најголемиот дел од донациите, дури 85%, се однесуваат на медицински материјали, меѓу кои лекови, вакцини, апарати и други средства за јавните здравствени установи.

Алиу додаде дека со новиот систем ќе се избегнат ситуации кога во земјата стигнува опрема со различни оперативни системи или апаратура без достапни резервни делови и сервис.

„Со овој модул, испраќаме јасна порака дека во здравството нема скриени процеси и тајни договори, дека секоја донација е видлива, секоја помош е евидентирана, а секој граѓанин има право на информација“, порача министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти
Следна Статија Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце утврди комисијата составена од странски експерти

Кај девет пациенти биле извршени непотребни операции на срце, утврди комисијата составена од странски експерти, соопшти министерот за здравство Азир…

May 14, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пациентите со мултипла склероза добиваат полесен пристап до терапија

Денеска во Скопје беше одбележан Денот на мултипла склероза, при што беше најавен почетокот на децентрализацијата на третманот и терапијата…

May 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?