Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

Објавено November 5, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери.

Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем.

За жал, исто така заради законски пречки знаете дека ако една процедура задоцни, вие законски не смеете да отворите друга или да убрзате. И затоа еден од законите во овие 12 закони што ги менуваме и адаптираме, едно од прашањето коешто ќе го решиме е буквално ова. Јас најавив пред неколку месеци дека ќе разгледуваме, постапките да почнуваат не три, туку шест месеци пред истекот на процесот, се со цел да имаме време да најдеме дополнително ако ни треба реотворање на постапката, за да не стигнеме до вакви моменти кога заради административните процедури, пациентите ќе чекаат лекови, појасни Алиу.

Во моментот, рече тумор маркерите можат да се процесираат на Биохемијата како здравствена институција кај нас.

Одговарајќи на новинарско прашање околу случајот со директорот на Неврологија, министерот рече дека извештаите веќе се при крај.

Постапките административно се завршени, но, треба во разговор, заедно со него да се седне, да се прочита наодот и после да излеземе во јавноста со тој извештај. Се уште е рано да излеземе во јавноста со информација, додаде Алиу.

Прашан за изградбата на кичевската болница, тој потсети дека 205 милиони евра веќе беа најавени. Притоа додаде дека тоа се работи за Штип, Тетово и Кичево, дека тие средства не се буџетски, туку ќе бидат обезбедени од договорот со Британците.

Јас се уште не сум потпишал договор. Чекавме да завршат изборите, и после тоа да се потпише договорот и да бидат дел од таа инфраструктура. Рековме дека ќе почнеме со инвестиции во инфраструктура, и првиот чекор се овие три клиники. Значи Штип, Тетово и Кичево ќе бидат почнати, и процедурите административно одма, додека инфраструктурно најверојатно кон крајот на годината или почеток на наредната година. Кичево од ново ќе се гради, заради тоа што овој објект не ги исполнува инфраструктурните базични барања за да биде институција која што ќе нуди здравствени услуги не само за Кичево, туку и за тој регион, рече Алиу во изјава за медиумите пред почетокот на четвртата годишна конференција за здравство, во организација на Американската стопанска комора АмЧам, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон
Следна Статија Косово го забранува хиџабот во училиштата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Првата личност во светот што ќе ја прими руската вакцина против рак ќе биде од Србија

Првата личност во светот што ќе започне со третман со руската вакцина против рак ќе биде пациентка од Србија, Јована…

February 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење

Некои намирници можат да го забрзаат метаболизам и да помогнат во согорувањето на мастите. Нашето тело не може да функционира…

June 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Симптомите на покачен шеќер во крвта лесно може да се игнорираат, погрешно да се сфатат или да се занемарат. Тоа…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?