Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон
МАКЕДОНИЈА

Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон

Објавено November 5, 2025 13:13
Сподели
Сподели

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан пред две седмици во Лондон.

Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс, тогаш објавија фотографии од средбите на Герапетритис, меѓу кои и со премиерот Мицкоски, а на денешниот редовен брифинг со новинарите Зохиу рече дека разговарале за она што беше на агендата на средбата на шефот на грчката дипломатија со Тимчо Муцунски пред нешто повеќе од три месеци во Атина.

Во однос на средбата на маргините она на што се осврнаа беше многу добрата клима во билатералните односи, она што всушност беше споменато и за време на посетата на министерот за надворешни работи во јули годинава, односно на темите поврзани со продлабочување на соработката во секторот на трговијата и инвестициите, рече портпаролката на МНР на прашањето на МИА за темите за кои разговарале Мицкоски и Герапетритис.

Говорејќи за Самитот во Лондон за Западен Балкан, Зохиу повтори дека шефот на грчката дипломатија за време на неговото учество „ја повтори поддршката на Грција за пристапната перспектива на Западен Балка“, но и дека интеграцијата треба да се реализира со целосно почитување на европското законодавство, на меѓународното право, демократските принципи и на владеењето на правото, како и на добрососедските односи и регионалната соработка.

-Министерот секако истакна дека треба да им се даде визија на народите на Западен Балкан за да се забрза овој процес што започна со грчката иницијатива пред 22 години со Солунската агенда, посочи Зохиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори
Следна Статија Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мехмедовиќ: Ниту една држава во светот не може да биде подготвена за таква трагедија како во Кочани

Ниту една држава во светот, ниту еден здравствен систем не може да биде подготвен за таква трагедија како што беше…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нас, снегот не може да не изненади

Нас, снегот не може да нѐ изненади, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Градот Скопје е подготвен.…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски оствари бројни средби со европски челници на Самитот на европската политичка заедница, ќе има и свое обраќање

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на европската политичка заедница, кој започна предмалку. -Денеска заедно со министерот за надворешни работи…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?