Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување
МАКЕДОНИЈА

Седум амбасадори ќе бидат разрешени од функцијата, Сиљановска-Давкова потпиша укази за нивно отповикување

Објавено November 12, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Укази за отповикување на седум амбасадори од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа објавени во последниот број на Службен весник, од 11 ноември годинава.

Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји и во две организации.

Меѓу нив е и амбасадорот на Македонија во НАТО со седиште во Брисел, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025, додека на останатите шестмина мандатот ќе им заврши на 30 ноември годинава.

Од 1 декември престанува мандатот на Теута Агаи Демјаха, која е шефица на постојната мисија на Македонија во Организацијата на обединетите нации во Женева.

Меѓу останатите отповикани амбасадори е и Данчо Марковски во Албанија. Тој изминатиот период беше повикан на разговор од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во всрка со активностите на македонската дипломатија околу пописот на населението што беше спроведен во Албанија.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија
Следна Статија Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Вашингтон на важни состаноци пред инаугурацијата на Трамп

Директно од аеродром на состанок, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вака ќе изгледа новиот охридски аеродром (ФОТО)

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео како ќе изгледа охридскиот аеродром по неговата…

March 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за малку ќе бил прегазен од деца со електричен тротинет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во денешното интервју за МИА, одгварајќи на прашање проблемот со несоодветно возење на електричните…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?