Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Објавено June 1, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот. 

-Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а  МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје. 

Премиерот одговори „има вистина во тоа“ прашан за коментар за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.

-Па има вистина  тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип
Следна Статија Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Поранешната претседателка на ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија

Поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, потврдуваат од институцијата за Сител. Еден ден…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик

Никогаш нема да се изјаснам за нешто што ќе го дерогира мојот мајчин јазик и најмалку ќе дозволам Македонија да…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Од кај бе, Венко?“ му вели Боки за џипот, па му додава „Знам јас, од пликцињата што си ги делеше со струмичкото шлапатало“ (ВИДЕО)

Во видео посветено до Венко Филипче, Бојан Јовановски – Боки 13 го прашува лидерот на СДСМ и побратим на Зоран…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како изгледа пожарот во Трубарево

Пожар избувна во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?