Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Објавено September 12, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство.

Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното здравство и дигитализацијата како еден од клучните столбови за унапредување на здравствената заштита и системот во целост.

Во рамки на севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, веќе најавивме и ново софтверско решение, како апликација, кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. Целта е апликацијата да овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување, односно ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна во обраќањето министерот Алиу.

Воедно, тој посочи дека ваквите конгреси претставуваат извонредна можност за размена на знаења и искуства меѓу многубројните експерти, а со својата стручна експертиза придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика.

На 21- от Конгрес на лекари на Македонија свое обраќање имаше и претседателот на Македонското лекарско друштво, д-р Горан Димитров.

Д-р Горан Димитров / Фото: Министерство за здравство

Македонското лекарско друштво оваа година го прославува 80-годишниот јубилеј и е најстарo професионалнo здружениe во земјава кoe ги обединува сите лекари. Особено значаен сегмент во нашата работа е континуираната медицинска едукација со организирање стручни предавања, како и придонесот во создавањето и модифицирањето на медицинските протоколи во различни специјалности, истакна д-р Димитров.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД го прекинаа стратешкиот дијалог со Косово
Следна Статија Уапсен е убиецот на Чарли Кирк, се надевам дека тој ќе добие смртна казна, рече Трамп (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска клиника и веќе нема листа на чекање, но…

September 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нема глукомери и ленти, велат од Здружението на дијабетичари

Пациентите со дијабетес повторно алармираат за недостиг на глукомери, ленти и сензори, проблем што, според Здружението на дијабетичари, трае веќе…

April 11, 2026
ЗДРАВЈЕ

Aлиу: Целта со законот е да ги заштитиме непушачите кои се 50 отсто од населението

Околу 50 отсто од популацијата е зависна од цигари и пуши околу 18-22 цигари дневно што е двојно повеќе во…

January 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција кај 38-годишен пациент

Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?