Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење
ЗДРАВЈЕ

Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење

Објавено September 18, 2025 14:44
Сподели
Сподели

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците. За ова информираа претпладнево од неготинското комунално претпријатие, преку важно соопштение на нивната Фејсбук страница.

– Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“, се забранува да се употребува водата за пиење, напишаа од Јавното претпријатие „Комуналец“.

Притоа додадоа дека во соработка со Центар за јавно здравје Велес и другите надлежни институции, се земаат вонредни мостри за анализа. Се работело на терен за лоцирање и санирање на евентуалниот дефект.

– Замолуваме доколку некој има било какво сознание кое би ни било од корист, да се обрати во Ј.П.„Комуналец“. Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија, водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, од кои може да дојде стварање на вакуум и повлекување на водата во градската мрежа и загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции, појаснија од комуналното претпријатие.

За било каква промена ќе следело соопштение. Од „Комуналец“ известија дека се трудат за брзо надминување на проблемот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На граничниот премин „Стење“ спречен шверц на златен накит вреден 5 600 евра
Следна Статија Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Грипот го достигнува пикот – на Детска клиника и во Козле се прегледуваат и по 200 деца дневно

Грипот го достигнува пикот. Клиниката за детски болести и клиниката за респираторни болести Козле имаат и до 200-те пациенти за…

February 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Најмногу тужби во јавното здравство има кај што е најниска продуктивноста

Најмногу тужби во јавното здравство има кај што е најниска продуктивноста. Ги повикуваме здравствените работници да се откажат од судските…

May 21, 2026
ЗДРАВЈЕ

„Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска

Поранешната раководителка и основачка на вториот Центар за изгореници во Македонија, д-р Добрила Андоновска, преку објава на социјалните мрежи потсети…

March 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за нефрологија е одобрена како еден од хостинг центрите за Интернационалната обука по интервенциска нефрологија

Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје доби големо признание за својата работа и ангажман на докторите кои се вработени на…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?