Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Поради голем недостиг на кадар во здравствениот сектор ќе има нови вработувања

Објавено September 18, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, на прашањето во неговото интервју за Алсат-М што се случи со ветувањето за вработувања во здравството, како што беше ветувањето за 150 вработувања во Клиничката болница во Тетово, изјави дека не станува збор за неисполнети ветувања, туку за процес што е започнат и е при крај.

Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не е можно,“ – изјави министерот Алиу.

Сите кандидати се тестирани и конечната листа е составена. Сега останува само последната административна фаза, што вклучува кратка средба со директорот и потоа потпишување на договорот.

Министерот исто така најави дека покрај овие работни места што се во процес, ќе има и нови вработувања, поради големиот недостиг на кадар во здравствениот сектор во Македонија.

Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата, и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно,“ – појасни министерот Алиу.

Министерството подготвува внатрешна реорганизација за балансирање на медицинскиот кадар во согласност со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите.

Ќе има реорганизација на услугите и кадарот. Ќе биде потребно време, но целта е здравството да стане поквалитетно и потранспарентно. Со дигитализацијата како трета столбна точка на реформата, граѓаните ќе имаат пристап до информации во реално време за секоја услуга и процес – вклучително и случаите кога има доцнења или пречки,“ – заврши министерот Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Има мирис и вкус од непознато потекло: Водата во Неготино не е безбедна за пиење
Следна Статија Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки…

August 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нов апарат за магнетна резонанца во поликлиниката Идадија во Скопје

Нов апарат за магнетна резонанца денеска беше промовиран во поликлиниката Идадија која е дел од Здравствениот дом Скопје. Aпаратот е…

October 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

Поместени граници во ортопедска трансплантација: Извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија…

August 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) прв пат во Македонија е…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?