Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти
ЗДРАВЈЕ

Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти

Објавено August 7, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа. Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу по промоцијата на новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот.

На новинарско прашање поврзано со изградбата на новиот паркинг простор на Клинички, министерот рече дека наредната недела на прес-конференција ќе соопшти повеќе детали, но, вели, она што може да го каже во овој момент е тоа дека договорот ќе биде потпишан со Јавното претпријатие Градски паркинг кое и досега раководеше со паркингот на Клинички.

-Очекуваме во текот на денот да се потпише договорот помеѓу Министерство за здравство и ЈП Градски паркинг. Досега без потпишување на договор и конкретни чекори, не сакав во јавноста да излезам со информации … Исто така, ќе бидат отворени дополнителни влезови, еден од нив ќе биде отворен на Кардиологија за да може пациентите кои што имаат потреба од интервенција во таа Клиника да може директно таму да влезат. Излезите ќе бидат исти, бројот на паркинг места ќе биде дупло поголем од сега, поради оптимизацијата на просторот. Сега за сега, нема да има изградба на нов тврд или монтажен објект, бидејќи цениме дека со оваа оптимизација бројот на паркинг места ќе биде повеќе од доволно, рече Алиу.

Прашан зошто договорот се потпишува со истата институција која што раководеше со паркингот на Клинички, односно ЈП Градски паркинг, тој рече „мојот пристап како министер е да се работи со институции кои што имаат експертиза во областите“.

-Ние како институција внатре ја имаме институцијата за општи работи која што досега за жал нема таква експертиза и не сакаме да експериментираме со паркингот, а на ЈП Градски паркинг тоа им е бизнис и секојдневна работа, затоа цениме дека со нив би се контролирало подобро. Проблемот досега не беше во ЈП Градски паркинг, туку во менаџирање на процесите во паркингот. Знаете дека ниту ЈП Градски паркинг, ниту Министерството за здравство немаа некој процес за следење на активностите на паркингот. Сега дефинираме начин на плаќање, дефинираме начин на креирање на извештаи во реално време, значи 24 часа ќе се има мониторинг на целиот простор. Исто така, ќе има камери за следење на автомобилите. За цената се уште не е разговарано, ќе треба да има промени во цената, рече Алиу.

За тоа како ќе се направи поголем број на паркинг места, министерот рече дека има доста неискористен простор којшто ќе се искористи. Доколку има потреба и доколку оптимизирањето на паркинг просторот не даде резултати, тој нагласи дека ќе се размислува за монтирање на катна гаража.

– Знаете дека имаме позади Клинички простор којшто буквално не е достапен ни за пешаци, ниту за автомобили, едноставно тој ќе биде оптимизиран. Работеа неколку архитекти и според нив ќе имаме дупло повеќе паркинг простор отколку што имаме сега. Доколку имаме потреба и резултатите покажуваат дека и со ваков тип на паркинг места и со оптимизација на тие слободни паркинг места, нема да бидат доволни, ќе одиме со третата фаза, монтирање на катна гаража внатре. Јас и работната група сме многу сигурни дека нема да има потреба од тоа, рече Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четворица обвинети признаа вина во случајот „Штекли“ – за обвинетиот Раде Трајковски се бара соочување на психијатриски вештачења
Следна Статија Се потпиша нов Колективен договор, 20 отсто покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште се во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум…

June 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонецот Иво Бошкоски од болницата „Џемели“ во Рим дел од тимот што го освои престижниот истражувачки натпревар ERC Synergy Grant 2025

Доктор Иво Бошкоски, Македонец од Тетово, кој е професор по гастроентерологија на Одделот за медицина и транслациона хирургија и високо…

November 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Половина од возрасните во Македонија се пушачи

Речиси 45% од возрасната популација во Македонија активно пуши, што претставува сериозна закана за јавното здравје а Македонија се соочува…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мажот од Свонси го заменува личниот тренер со вештачка интелигенција и е ‘најсилен досега’

Дали вештачката интелигенција може да го промени фитнес индустријата нудејќи поевтина алтернатива на личните тренери?

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?