Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Објавено June 15, 2025 19:43
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат.

-Ќе ги дисперзираме услугите, тие што се базични и што можат со закон да се дозволуваат ќе бидат достапни за граѓаните за најблиску каде што живеат. Но, од друга страна, мора да бидеме сигурни дека тие лекови што треба да ги примаат, да бидат чувани во соодветни услови, така што целата програма ќе има услови за следење, односно трекинг систем, рече Алиу.

Вели дека како министер за здравство, се срами од инфраструктурните услови на Клиниката за онкологија.

-За жал, лично ја видов сликата таму, ако влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти. Прво што најавувам е креирање на достоинствени услови за чекалните, бидејќи таму нема ниту столчиња за седење. И треба да се срамиме сите и јас како министер за здравство со таква инфраструктура, нагласи Алиу.

Во однос на недостигот на таблетарната хормонска терапија за онколошките пациенти и до каде е процедурата, рече дека решението е шест месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, секоја клиника да мора да го отвори и да го затвори тој процес.

-За жал процедурите се такви во државата што ако нешто се случува во процесот на тендерирање ќе треба да се чека и ова ни беше една од точките како може да се надмине овој проблем и најдовме решение, решението е да може шест месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, да мора секоја клиника секоја институција да го отвори и да го затвори тој процес. Што ќе се случи, ако случајно во тој период заради еве како што ни се случи сега, заради икс причини, правни, или човечки или други фактори, да имаме време да се отвори уште еднаш тендерот и да не се појави тој недостиг на лекови кај пациентите, така да гледате дека лесно можат да се решаваат проблемите, само треба работа и воља, рече Алиу.

Во однос на договорците на дело, рече дека имал средба со директори на клиники на која било посочено дека сите се соочуваат со предизвици во однос на човековиот фактор – недостиг на кадар, на лекари, на медицински сестри, и на техничари.

-Тие што работат со години нормално дека треба да имаат решен статус, додека за другите ќе отвараме процедури, но за тоа нормално ќе ни треба време, заедно со министерката за финансии, да го видиме и аспектот на финансии и на поддршка, рече Алиу, одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со случајот со гинекологот кој правел бесплатен ПАП тест на пациентка на друго име, рече дека сигурно тоа не е единствен пример и решението го гледа во дигитализација.

-Тоа е жално, јас мислам дека тоа не е е ниту единствен случај јас од првиот ден се заложив еве ќе видите секоја недела ќе зборувам за дигитализација – без диготализација општеството ќе тоне, вториот момент е намалување на човечкиот фактор. Во тој случај, замислете да имавме таков дигитален систем којшто секој лекар во систем ќе стави дека се процесира некоја интервенција автоматски на смс ќе му стигне порака за тој термин. Тогаш пациентот за тој несовесен доктор, ќе беше информиран во реално време, и ќе знаеше дека е дома додека на смс добива порака дека е на лекар. И тогаш некој доктор ако сака да злоупотреби системот тоа нема да му го дозволи, истакна Алиу.

Во однос на новиот Клинички центар што го најави премиерот Христијан Мицкоски, министерот истакна дека најпрво ќе се работи на мапирање.

-Во оваа фаза знаете дека со договорот со Велика Британија ние како Министерство за здравство имаме една милијарда евра за инфраструктирни проекти. Освен тоа, имаме и други фондови кои во моментот ги анализираме, инфраструктурно ние мора да се екипираме затоа една од работите што веќе ќе ги почнеме од понеделник е мапирање – биедеки не е само Клинички центар, туку и во другите градови имаме инфрасруктура која не е достојна за таков сервис за граѓаните, така то ќе имаме јасна слика која ќе биде јавно достапна и ќе има портал со мапирана инфраструктура, рече Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ сака да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес
Следна Статија Тригодишно девојче се удави во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак…

January 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Промовиран прирачник: 30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето

 Во рамки на Неделата на женското здравје, денеска во Скопје беше промовиран прирачник за скрининг и дијагностика на нарушувања на…

May 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

Институт за јавно здравје информира дека денеска за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на Monkeypox…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФДА планира да го промени процесот на одобрување вакцини, тврдејќи дека Covid-19 вакцините предизвикале детски смртни случаи

Висок функционер од Агенцијата за храна и лекови во петок најави дека агенцијата ќе го промени процесот на одобрување вакцини,…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?