Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување , од кои 11 се во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување , од кои 11 се во странство
ЗДРАВЈЕ

18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување , од кои 11 се во странство

Објавено May 19, 2025 19:08
Сподели
Сподели

Тим од специјалисти од скопските клиники ќе ја утврдува состојбата на сите кои беа повредени во трагедијата во Кочани. Од утре па до крајот на неделата во кочанската болница докторите ќе прават поединечна евалуација на оние кои биле хоспитализирани во странство но и лицата што беа лекувани во македонските болници по што ќе знаат дали некој има дополнителна потреба од рехабилитација или ортопедски помагала.

Ќе го поканиме и тимот од Израел што беше и на почетокот по трагедијата да даде свое мислење за понатамошниот третман на повредените. И да потсетам, согласно протоколот треба да се вратат во болницата од каде што биле испратени на лекување во странство, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.

На физикална терапија во болницата во Кочани одат 40 од повредените и засега не се знае колку ќе трае тој процес. Но оваа установа беше заборавена од властите и по оваа трагедија излегоа на површина немањето на медицински персонал, опрема и фактот дека со децении никој не мрднал со прст за инфраструктурниот изглед.

Секако дека ни е во план да се изврши реконструкција не само на таа болница туку и на повеќе други болници затоа што во изминатиот период ниедна здравствена установа не била чепната, не само во поглед на инфраструктура туку и кадар. Моментално, тоа што фали во кочанската болница се надополнува со кадар од клинички и Козле, вели Јовица Андовски, заменик министер за здравство.

И после два месеци од трагедијата, 18 пациенти се уште се на болнички третман од кои 11 се во странство. Според лекарите тие имале посериозни повреди и ќе треба подолго време за нивно закрепнување.

Пластична хирургија кај тие што веќе се заздравени правиме и ПРП методи кај тие делови што се заздравени што има млада нежна кожа побрзо да заздрави и да немаат поголеми лузни, вели д-р Јасмина Ѓорѓиевска-Павловска, директор на Клиника за пластична хирургија.

Во трагедијата на 16 март, 62 лица ги загубија животите а околу 200 беа повредени од кои 115 беа испратени на лекување во странство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе одговара ли Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет?!
Следна Статија Крстот на синџирчето на Цеца има големо значење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат

Денеска ја посетив Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што е заокружен процесот на…

December 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Анемија – тивок убиец на вашиот организам

Анемијата претставува една од најчестите здравствени состојби што може да се појави на која било возраст. Таа не е болест…

June 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светскиот ден на ментално здравје: Младите се поосвестени и знаат да препознаат кога не им е добрo

Подигнување на свеста за менталното здравје, односно да се доближиме до народот. Тоа е причината зошто сме на отворено, а…

October 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег

Треба да се зголеми јавната свест за органодарителството особено за трансплантацијата од починато лице. Направени се измени на Законот за…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?