Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор
ПОЛИТИКА

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

Објавено July 24, 2025 17:49
Сподели
Сподели

Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две флагрантни прекршувања – отсуство на албанскиот јазик на официјалните табли и употреба на старото име на државата „Македонија“, наместо уставното име „Република Северна Македонија“, реагира Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.

-Иронично, целиот овој спектакл го водеше министерот Албанец, Азир Алиу, кој претставува политички субјект кој тврди дека ги штити интересите на Албанците на власт. Но, неговото молчење и сервилност вчера пред таква институционална провокација го докажува спротивното. Албанскиот јазик беше исклучен од таблата на јавната институција, спротивно на Законот за употреба на јазиците, додека со позадина „Македонија“ – без никаква уставна референца – беше игнориран и Преспанскиот договор, со што се загрози меѓународниот кредибилитет на државата.

На оваа церемонија беа присутни и други владини претставници и самиот премиер Мицкоски, пред кого министерот Азири стоеше молчеливо и без реакција. Ова е најјасната слика за политичкото вазалство на ВЛЕН, присутна на власт, но невидлива за правата на граѓаните за кои тврдат дека ги претставуваат.

Алијансата за Албанците остро го осудува ова неодговорно институционално однесување и бара итна корекција на ознаките на институцијата, во согласност со Законот за употреба на јазиците. Исто така, бара јавно објаснување и извинување од Министерството за здравство за употребата на неуставното име на државата, а министерот Алиу да преземе политичка одговорност за незаштитувањето на законските и уставните стандарди. За Алијансата за Албанците, ова не е само „техничко прашање“ – тоа е продолжение на дискриминаторска и навредлива практика кон албанскиот јазик и уставните права на граѓаните Албанци во Северна Македонија. Доколку денес не се преземат мерки, ваквите преседани утре ќе станат норма. Рамноправноста значи почитување. Почитувањето започнува со јазикот и Уставот, порачуваат од Алијансата за Албанците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари
Следна Статија Мицкоски: Имам две убави вести, поминаа законите за повисоки пензии и за ваучери за студенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трајчулески: Со ваков тип на етнонационализам и реторика ДУИ ќе почне да заликува на Златна зора во Грција и ќе го изгуби својот коалиционен капацитет (ВИДЕО)

Пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ во 24 анализа рече дека рече ДУИ никако не може да се снајде во опозиција…

April 4, 2025
ПОЛИТИКА

Османи бара оставка од Меџити

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до министерот за животна средина Изет Меџити и…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

Пратеникот Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога,…

February 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?