Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра
ЗДРАВЈЕ

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Објавено December 19, 2025 17:05
Сподели
Сподели

Нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20 000 анализи годишно, отвори денеска фабриката „Алкалоид“ АД Скопје. Како што соопшти генералниот директор Живко Мукаетов, станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион евра.

На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

-Можевме да видиме нешто што го има во најсовремените светски фармацевтски компании и горди сме што ова е македонско. Повеќе од 3 000 вработени ја градат својата иднина тука и во претставништвата на „Алкалоид“, а најголемиот дел од портофолиото на оваа компанија или над две третини, е извозно, што влијае врз зголемувањето на БДП и индустриското производство, изјави Мицкоски.

Владата, напомена премиерот, секогаш ќе поддржува вакви успешни приказни.

Според Мукаетов, новата инвестиција значи многу за проширување на портфолиото на лекови што ќе овозможи „Алкалоид“ да биде уште поконкурентна, не само во регионот, туку и во светот.

-Горди сме на новата инвестиција што ќе ни овозможи да станеме уште поконкурентни, но и  Македонија како држава. Со ова ги шириме капацитетите на микробиолошките анализи на суровини, полупроизводи и готови производи. Горди сме што комапнијата продолжува со инвестицискиот циклус, рече Мукаетов.

Тој оцени дека 2025-та беше година со многу предизвици.

-Ја завршуваме годината над планираното, со вкупни приходи од над 335 милиони евра и со рекорден консолидиран износ од над 220 милинои евра, информира Мукаетов. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
Следна Статија Николоски и Мисајловски на работна посета во Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Магнезиумот не е за секого

Магнезиумот е еден од најчесто препорачуваните додатоци во исхраната, особено кога станува збор за подобар сон, помалку грчеви и чувство…

April 5, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија

Нобеловата сезона за 2025 година официјално започна со објавувањето на првата награда, онаа за физиологија или медицина. Наградата е доделена…

October 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. -Во…

February 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Загадениот воздух зема над 4.000 животи годишно

Ова е констатацијата на Институтот за јавно здравје од каде посочуваат дека Македонија губи 4.175 животи кои можат да се…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?