Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Објавено February 16, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.

-Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.

Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок, велат од Министерството за здравство.

Министерството останува отворено за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рубио: Трамп го поддржува Виктор Орбан пред изборите во Унгарија, најавува „златна ера“ во односите
Следна Статија Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Се повлекува адаптирано млеко за бебиња на „Нестле“ од 60 земји, починале две бебиња во Франција

Светот е во паника по одлуката на гигантот „Нестле“ да спроведе едно од најголемите повлекувања на бебешка формула во историјата.…

January 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Повредените од „Пулс“ за понатомошните интервенции ја имаат поддршката од Владата

Повредните во кочанската дискотека „Пулс“ ја имаат поддршката од страна на Министерството за здравство и Владата. Во наредниот период ќе…

July 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата усвои препораки поради топлотниот бран

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури…

July 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – Еве кога почнува имунизацијата

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во текот на следната…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?