Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка

Објавено February 16, 2026 18:18
Сподели
Сподели

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка, информираат од Министерството за транспорт.

Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата, но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес, пишува Ивановски на својот профил на Фејсбук.

Коридорот 8, додава тој, е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада
Следна Статија Вреди ја повика ДУИ да побара од Албанија да го испорача Артан Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара…

May 1, 2026

Европските пазари се очекува да отворат во негативно подрачје пред кратка трговска недела

Следи претходна рекордна сесија во која индексот Stoxx 600 достигна 588.07 поени.

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нов раст на цените во САД

Инфлацијата во САД  се забрза во септември, со забележително помал пад на цените на бензинот, покажа извештајот на Министерството за…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?