Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава
МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава

Објавено March 7, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски остварил тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, по што следувал и работен состанок со судиите на Уставниот суд – Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска, Татјана Васиќ Бозаџиева, Јадранка Дабовиќ, Ана Павловска-Данева.

Костадиновски ја информирал Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како и за внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочил Уставниот суд во неговото работење изминатиот период.

Како што информира Уставниот суд, Костадиновски потенцирал дека има напредок во транспарентноста и како пример посочил дека се подготвуваат за целосно снимање и пренесување во живо на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците.

-Судот во овој капацитет преку активностите кои се преземаат за поголема одлучност и бескомпромисност во постапувањето, надополнети со транспарентност и судски активизам работи засилено на враќањето на довербата во владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во Уставниот суд. Особено ќе го потенцирам напредокот во полето на транспарентноста и како пример ќе го дадам фактот дека се подготвуваме за целосно снимање и пренесување во живо на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, кој претставува исклучително сензитивен предмет и за кој ќе овозможиме на граѓаните да видат и слушнат со свои очи дека одлуките во Судот се носат објективно и без било какви влијанија, истакнал Костадиновски на работната средба што се одржала вчера во просториите на Уставниот суд.

Тој информирал дека Судот ќе остане непоколеблив и „без оглед на сите обиди за политизација и етнизација на работата и постапувањето, цврсто ќе стои зад заштитата на Уставот и слободите и правата на човекот и граѓанинот“.

-Основната надлежност на Уставниот суд е да ја штити состојбата на уставност во правниот поредок. Тоа значи дека сите акти и дејствија на сите власти да бидат усогласени со Уставот. Крајно време е сите кои и мислат добро на државата своите јавно изнесени заложби за посветеност на владеењето на правото да ги направат реални, а не лажни или декларативни, изјавил претседателот на Судот.

Амбасадорката Агелер, се наведува во соопштението, ја изразила поддршката од САД за враќање на довербата во правната држава преку транспарентни постапки и одлучување исклучиво според Устав и законите.

-Амбасадорката Агелер ги охрабри судиите да одолеваат на било какви влијанија и притисоци во постапувањето и кога ќе влезат на седница да ги остават настрана сите останати улоги, а пред се да бидат уставни судии, соопшти Уставниот суд.

Судиите ја поздравиле долгогодишната поддршка од САД за владеење на правото. Судијата проф.д-р Павловска-Данева кажала дека е потребна поддршка од сите фактори за да се овозможи снимање на седниците на кои судиите дискутираат и ги градат случаите.

-Особено важно за нас е што јавно ја изразувате поддршката во транспарентните постапки, да ние сме свесни дека во многу земји таков начин на водење постапки со снимање во живо не е случај, но да не заборавиме основно е што таму имаат сосема поинаква уставна култура, изјавила судијата Павловска-Данева.

Долгогодишната поддршка во владеењето на правото од страна на Амбасадата на САД во земјава ја поздравил судијата Осман Кадриу

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани-Штип
Следна Статија УЖАС: Двајца силувале девојка во Кисела Вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија се разбуди под бела, снежна покривка: Денеска студено и снежно, особено во западните делови од земјава

Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидејќи бил дискриминиран

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Тоа што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда. Европската идеја не смее да се…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?