Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска
МАКЕДОНИЈА

Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска

Објавено July 25, 2025 16:19
Сподели
Сподели

Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за нов член на Антикорупциска комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска.

Пратеници од владејачкото мнозинство велат дека постапката најверојатно ќе започне веднаш по констатирање на престанок на функцијата имајќи предвид дека наскоро започнуваат летните одмори, но и роковите за локалните избори во октомври.

Првата наредна седница на која би можело да се констатира оставката на Димитровска е закажана за вторник, 29 јули.

Законот за спречување на коруцпијата и судир на интереси во членот 14 предвидува во случај на оставка на претседател или член на ДКСК, Собранието да констатира престанок на фукцијата.

Во ставот 6 од овој член се наведува и дека во случај на престанок на функцијата или разрешување на претседателот на ДКСК до изборот на нов претседател на комисијата, функцијата на претседател ја врши заменик-претседателот на Државната комисија, со сите должности и овластувања кои ги имал претседателот.

Во членот 7, пак, се наведува дека во случај на разрешување, односно претстанок на функцијата на претседателот, односно членот на ДКСК мандатот, Собранието најдоцна во рок од десет дена започнува постапка за избор на нов претседател, односно член на Државната комисија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија
Следна Статија Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се закануваше со војна, а се уште зема 1500 евра државни пари од Телеком

Профилот ,,Раскажувачот” на Твитер прашува зошто членката на ДУИ која се закануваше со војна и изјавуваше дека ќе ги вади…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шест месеци од трагедијата во Кочани, „Марш на ангелите“ и протест во Скопје

Шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица се навршуваат денеска.…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗЕЛС на итен состанок за состојбата со комуналниот отпад во Скопје

Скопските градоначалници се собраа на едно мест, одржан вонредниот состанок на ЗЕЛС кој го побара градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?